Турскиот премиер Ахмет Давутоглу вечерва порачал во Анкара дека Турција “ без оглед на сѐ ќе биде очистена од терористите“.
“И брдата ќе бидат очистени од терористите. Без оглед на сѐ, брдата, долините и градовите на ова земја ќе бидат очистени од терористите“, изјавил Давутоглу.
Даввутоглу изразил уверување дека граѓаните на Турција на истокот и југоистокот на земјата че бидат од помош на силите за безбедност кои прават напори, со што овој дел од земјата во потполност ќе биде очистен од дејствувањето на припадниците на терористичкат организација ПКК.
“Верувам дека нашето историско братсво воедно е нашата најголема сила во борбата против тероризмот“, истакнал турскиот премиер.
Ахмет Давутоглу ги повика сите политички партии во земјата на единствво во борба против тероризмот и неговото зло, и најави одлучна борба на Турција противв тероризмот.
Генералштабот на турската војска денес соопшти дека 16 војници загинале, а шест се ранети во вчерашниот терористички напад вво местото Јуксекова вво југоистокот на провинцијата Хаккари.
Во соопштението на Генералштабор се наведува дека припадниците на терористичката организација ПКК на пато Даглица-Јуксекова активирале рачно изработена експлозивна направа во момент кога поминувале две оклопни возила.
Антитерористичката операција на турските сили и понатаму трае. Во рамките на операцијата бомбардери Ф-4 бомбардирале 23 терористички позиции.
Потсетуваме дека, ПКК е прогласена за тероситичка организација во Европската Унија, Турција, и САД.Во рамките на решавање на курдскот прашање претходно беа покренати преговори со прокурдските партии и постигнат договор со Владата на Турција составена од кадри на Партијата на Правдата и Развојот ( АК Парти) за разоружување на припадниците на ПКК и нивно повлекување од турската територија на просторот на северен Ирак.
Терористите на ПКК во последните неколку месеци во поввеќе дестина наврати го прекршиле договорот постигнат во посредни преговори на турските власти со Абдулах Оѓалан, лидерот на ПКК кој ја издржува казната доживотен затвор.
Изор:(Anadolu Agency)