курди

Ирачките Курди бараат терористичката ПКК да го напушти тој регион

iraki-kurdi-trae-da-teroristika-pkk-napusti-r

Граѓани од северните делови на Ирак, населенија воглавном со мнозинско курдска популација, побараа од терористичката организација ПКК да го напуштата ова подрачје, пренесуваирачки претставник.
Халил Мухамед, гувернер на дистриктот Захко, изјавил дека 115 села од 184 во овој дистрикт се “недостапни“ заради подигнување на кампови на ова терористичка организација.
Дистриктот Захко се наоѓа на самата граница со Турција, со голем број на кампови, иако главните кампови на терористичката организација ПКК се лоцирани на планината Кандил, на границата помешу Ирак и Иран.
“Често пати не можеме да работиме, нашето население сака да излезе од селото, да ја обработува нивата, ама од оние од ПКК не ни дозвволуваат“, истакнал Мухамед.
“Од таа причина, луѓето на овие простори сакаат ПКК да сеи замине од тука“, изјавил гувернерот.
Силите за безбднос денес соопштија дека турската војска убила 35 припадници на терористичката организација ПКК, во воздушните напади изведени на северот на Ирак.
Воздушните удари станаа уште поинтензивни откако терористите на ПКК нападнаа турски војници во провинцијата Хаккари. Во терористичкиот напад паднаа 16 шехиди, припадници на Турските вооружени сили.
На прес конференцијата која вво понеделникот ја одржа, турскиот премиер Ахмет Давутоглу, истакнал дека планината Кандил ќе биде “исчистена од терористите“.
 Извор:(AA)



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


4 × = four