гадафи

Опроштално писмо на Муамер Гадафи: “Демократијата е разбојнички систем, каде најголемото куче ги јаде останатите

гадафи

Наскоро се навршуваат четири години од смртта на поранешниот либиски лидер Муамер Гадафи, Што и да мислиме за него, некои работи за неговото владеење не можата да се занемарат, пред се ид фактот дека со својата политика, животот  на обичниот Либиец го направилмноги поднослив отколку што е сега. Ви го пренесувеме  неговото послено јавно обраќање во форма на писмо.

Во името на Аллах, Милостивиот , Сомилосен !

Веќе 40 години, а можеби има и повеќе, не се сечавам, правев сѐ што можев на луѓето да им обезбедам станови, болници, школи, и кога беа гладни, им давав храна. Во Бенгази дури направив плодна равнина од пустина, им се спротивставив на ударите на оној каубоец Реган, кој ја уби мојата ќерка, присвоена како сираче.Обидувајќи се да ме убијат мене, го уби тоа невино детенце.

Покрај тоа им помагав на своите браќа и сестри од Африка со финансиски средства за африканската унија, правејќи се што можам да им помогнам на луѓето да ја разберат идејата и реалната демократија, каде народниот комитет раководи со нашата земја. Ама тоа никогаш не беше доволно, ми изјавија некои.

Луѓето со десетсобни станови, со нови оддели и намештај, никако не можеа да се задоволат, себичн и какви што се, секогаш сакаа повеќе. Тие им порачаа на Американците и другите странци дека сакаат “демократија“ и “слобода“, без и мала претпоставка дека во птрашање е разбојнички систем, каде најголемото куче ги јаде останатите. Нив ги излажаа овие зборови, а во ниту еден момент не знаеле дека во Америка нема бесплатно лекување, бесплатни болници, бесплатно станување, бесплатно образование, ниту бесплатна храна- освен за питачите или водолгите редови за порција супа.

Што и да направел, на некои луѓе тоа не им билодоволно. Меѓутоа сепак другите знаеа дека  јас сум син на Џамал Абдел Насер, единствен вистински арапски и муслимански лидер кого го имабме од времето на Саладин, кој успеа да го поврати Суетскиот канал за својот народ, како што јас Либија ја вратив за мојот народ. По неговите стапки се обидував да чекорам, како би го сочувал својот народ од колонијално поробување, од арамии кои дојдоа да нѐ ограбат.

Сега се наоѓам под удар на најголемата воена сила во исротијата на војувањето, а мојот мал африкански син Обама сака да ме убие, на нашата земја да му ја одземе слободата, да ги земе нашите бесплатни станови, бесплатно лекување, бесплатно образование, нашата бесплатна храна и ги замени со грабежот во американски стил познат како “капитализам“.

Сите ние во третиот свет добро знаеме што тоа значи, тоа значи дека со земјите и светот управуваат корпорации, додека народот страда. Од тука за мене нема друга алтернатива – јас ќе се спротивставивам, и ако е желба на Аллах, ќе погинам држејќи се на тој пат, пат кој нашата земја ја збофати со плодни земјишта, со храна и добро здравје, и кој дури ни овозможи да обезбедиме работа за нашите африкански и арапски браќа овде кај нас во Либиската Џамахирија. Не сакам да загинам, ама ако тоа биде неопходно за да се спаси ова земја, мојот народ и илјадници други кои се како мои деца, тогаш нека така биде. Нека ова порака биде мојот глас упатен до светот.

Му се спротивставив на НАТО, му се спротивставив на грубоста, му се спротивставив на предавството, му се спротивставив на Западот и нивните колонијални амбиции. Застанав до своите африкански браќа, како и до своите вистински арапски и мслимански браќа, како светилник, и додека сите други за себе си зидаар дворци, јас живеев во скромна куќа и шатор, никогаш не заборавајќи го детството во Сирт.

Државното богатство никогаш не го расфрлав и слично како Саладин, нашиот голем муслимански лидер кој го спаси Еруслим за муслиманите, многу малку оставив за себе. На Западот некои ме нарекуваа “луд“ и “умоболен“, ама тие вистината ја знаат, и продолжуваат со лаги. Тие добро знаат дека нашата земја е независна и слободна, дека не е под контрола на колонијалистите, Знаат дека мојата визија и пат за мојот народ се јасни, и дека тие секогаш биле такви. И дека ќе се борам  до последната воздишка за да ја сочувам нашата слобода.

Нека возвишениот Аллах џ.ш нѝ помогне да останеме верни и слободни.

gadafi1

Триполи, 8.април 2011 година

(превод од англиски И.Демишоски}/Дубаи Портал




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


9 + eight =

%d bloggers like this: