За скалата на ниското вреднување на твојот и мојот народ..

0
102

 

Дали овој наш народ вреди повеќе, прашање кое секој еден нормален жител на овие наши населби (Лабуништа, Подгорци, Октиси, Боровец) понекогаш треба самиот себе си да си го постави. Јас во тоа воопшто лично не се сомневам, меѓутоа  некои нанекоја си  долгогодишна скала за одредеување на некаква си вредност, овој мој народ го вреднуваат дури и подолу од нула (0). Ваквото вреднување можат да го уочат- забележат само оние кои трезвено размислуваат и гледаат што му се случува на овој народ, кој за жал и самиот е крив за ваквата состојба. Односно тоа е народот кој ја изработила таа скала на вердности, а некои постојано стерлката на вредноста на овој народ ја турка надолу. И се разбира, виновни сме си самите ние.

Зошто некои секогаш да нё вреднуваат како некоја си позитивна нула, или само како потенцијален глас, притоа изоставајќи ги нашите човечки и други вредности, а за нашата гордост ич да не се зборува….

Последниве неколку недели сведоци сме на настаните кои се одигруваат на Македонската политичка сцена, за некои тоа е смешно, за некои недефинирано, а за други пак и трагично…

За жал уште поголема трагедија и уште потрагично е она што се случува во нашуте населби,со овој народ,  не организираност, поделби, не рационални размислувања и што уште не…

Овој народ никогаш не добил, а секогаш од него се барало и црпело. Никој не прашува во оваа наша држава како му е на овој народ, како тој се снаоѓа во белиот свет, кој за жал малку по малку станува црн. Овој народ навикнал сам да се снаоѓа, ( да не ги преполнува бироата за вработување, да не чека државата да му најде работа, а која всушност и не се труди да им пронајде), освен да му изнајде по некое си партиско место на високо образован кадар кој во овие тешки моменти под уцените на партиите, седнува не некои си шалтерско место, или пак да му носи бурек и јогурт на некои си други ниско квалификувани поединци и тоа пред сё заради тоа што едните заслужуваат само за некаков си шалтер или пак нишање на некаква си врата за некакви си 9.000 илјади денари, и оние другите кои без разлика на нивното образование, партијата им доделила функционерски или други повисоки места пред сё заради тоа што тие се чисти Македонци, чисти Албанци, чисти Турци, чисти Торбеши идр… а оние вирутелните Македонци, Албанци и други.. очигледно немаат никаква вредност на скалата и за нив доволно е само некој шалтер, некоја метла и нешто подолу.

Каде ние е гордоста ?! Дали ја имаме?!, Каде ни е достоинството ?!

Како што одат и изгледаат работите, очигледно го немаме ниту едното ниту другото, ниту третото.

Секој се бори за своите, а ние се бориме за туѓите…

Колку анализа, што добил овој народ во последните неколку години наназад од ваквата борба:

1) Ништо освен еден куп проблеми, кои за жал малку беа решавани, а многу натрупувани. И ден денеска некои нё убедуваат во некакво си подобро утре, иако реалноста покажува дека таквото утро тешко доаѓа.

А, проблемите остануваат, ги гледаме и постојано се правиме наудрени, иако некој таквите проблеми ни ги создава и од внатре од самите наши сограѓани, роднини и пријатели  (паразити) и тоа за само сопствен интерес, а за народот како ќе му биде пишано.. иако народот е тој кој го седнал на некакво си место да го претставува тој народ како што треба и како што е достоинствено, а не преку сопствените интереси истиот да биде омаловажуван и ниско вреднуван. Ама , никој не ние е крив, туку самите ние!

2) Имаме неисправни системи за водоснабдување ( недостаток на вода)..

3) Имаме нула(0) патна инфраструктура, инфраструктура како онаа кај швајцарското сирење полно со дупки.

4.Имаме куп депонии на сите страни.. како оние од научно фантастичните филмови кога некое подрачје доживеало катаклизма..

5. Имаме здравствени домови кои наликуваат на сё  само на здравствени домови не.

– На кратко од власта нё израдуваа дека ќе имаме нова амбуланта , пред некој месец одлучија дека Лабуништа заслужува доградба на старата, а тендерот и за оваа наша доградба на оваа наша Лабунишка амбуланта заврши во некоја си чекална, каде се чека да помине предизборниот воз кој ќе го собере и овој наш тендер, и пак да нибидат замачкани очите со некакви си убедувања преку кои пак ке бидеме излажени (момени) и така против нашиот ум ќе ги натераме нашите очи да гледаат дека имаме нова амбуланта. – вака ни изјави нашиот Лабуништанец во еден наш разговор.

Овде станува збор за тендерот за доградба на абмулантата во населба Лабуништа иако крајниот рок за отварање и одредување на изведувач заврши пред речиси еден месец, и истиот, постојано се заплетука се до денот на предизборните активности кога оваа мини тендерче ќе го дочека светлото на денот и уште еднаш им биде укажано на нашите Лабуништани дека некој “мисли “ на нив.

А, за другите проблеми нешто повеќе подоцна, односно  во некоја си друга наша епизода од овој трагедио-комичен серијал на овој народ.

Дали сме свесни што ни се случува, треба да одлучиме самите, дали треба да прогледаме, треба да видиме самите, и многу уште “дали“ и “треба“.

Јас верувам во овој народ, и во неговата гордост, чесност и вредност. Дали заслужуваме да бидеме потрчковци и слуги на другите, зошто моето и твоето дете, да го нема она што му следува од државата, која само ни зема, а не дава, зошто нашите деца да заслужуваат помалку од другите, и зошто образованието на нашите деца треба да биде сведено на носење бурек и јогурт.

Еднаш во нашите глави треба да ни биде јасно дека ние сме она што сме, и знаеме што сме, а тоа дека сме различни од другите. Да не дозволиме за ситни гласови да нё претопуваат во вирутални Македонци, Албанци. Турци и други, бидејќи во секој случај ке бидеме виртуелни и секогаш на дното на скалата каде нашата вредност ќе ни ја вредниваат како нула (0).

Да престанеме да се бориме за туѓите, и започнеме да се бориме за себе, за својот народ, каде што и припаѓаме и каде треба да припаѓаме.

Да размислеме со своите глави, бидејќи господ ни ги дал за тоа, а не со главите на некои други кои ни кажуваат како треба да мислиме.

Да ставиме крај на злоупотребата на овој народ и укажеме дека овој народ вреди повеќе од едно гласачко ливче, или едно бројче во некој си попис на население..

Се надевам дека еднаш ќе размислеме какви треба да бидеме и излеземе од овој тунел, кој за жал другите ни го проектираат и никако изнајдеме излезот од него, сё до оној момент кога ти ќе посакаат преку некоја си гласачка кутија, попис или нешто слично, да исполни нечиј (нивни) интерес, во овој случај интерес кој секогаш оди на наша смета и наша штета.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here