turcija iran

Анадолија отсекогаш имала важна стратешка позиција, од времето на Хитит и Александар Велики до Рим и Османлиското Царство. Освен што таа има геополитичка локација, Турција, која исто така му припаѓа на Анадолија, таа има уште една многу важна позиција која има врска со распределбата на енергетските извори.

Два многу важни фактори кои на секоја земја и требаат за развој се водата и енергијата. Војните, граѓанските борби, поделеноста и судирите во многу подрачја, најчесто се случуваат заради вода и енергија.

Турција е земја која се наоѓа во центарот на регион каде се воделе војни заради вода и енергија. Околу 70% од светските резерви на природен гас се наоѓа токму во близина на ова земја, ситуацијата е слична кога станува збор и за нафта. Ако ги земеме во предвид Истамбул и Дарданелите, како и близината на Турција, Хормупкиот канал, Суетскиот канал и Мандеба, јасно ја гледаме важната позиција која ова земја ја има.

Бидејќи војните се водат заради енергија насекаде околу Турција, уште еден нов играч токму стапи на сцена, тоа е Иран кој во поголем дел беше исклучен од светскиот енергетски сектор. Сега кога Иран е играч благодарение на договорот кој неодамна е потпишан помешу Техеран и групата P5+1 (пет псотојан и членки на ОН, САД, Русија, кина, франција, велика Британија и Германија), нема сомневање дека ќе дојде до промени.

Покрај Турција, Иран зазема многу посебна географска позиција. Ова земја се наоѓа во центарот на енергетските полиња на Каспискиот и Персискиот залив, тоа е она важна станица во транспортотот на овие ресурси до Кина. Освен тоа, со оглед на тоа дека граничи со Турција, таа исто така има и пристап кон европскиот и светскиот пазар користејќи ги турските цевоводи.

Иран пред сё познат е и по своите резерви на нафта. Во текот на трите децении на ембарго, Иран беше главен добавувач на нафта за Кина. Меѓутоа , денес вниманието на целиот свет насочена е кон него заради резервите на природен гас.

Иран поседува резерви на природен гас од околу 34 трилиони м3, што претставува околу 18,2% од вкупните светски резерви, заради кои ова е една од најважните земји на светот. Во исто време, Иран е четврт производител на природен гас во светот.

Иран моментално е во состојба да произведе 5% од светскиот природен гас. Тоа не е многу кога ќе се спореди со потенцијалот на ова земја која го има. Кога нафтеното поле South Pars во потполност ќе биде активно, како е планирано за 2020 година, Иран ќе стане лидер во извозот на природен гас.

Постојат различни причини зошто Иран моментално не елидер во извезувањето на природен гас, и покрај фактот дека поседува толку богати резерви. Главна причина се санкциите; имено, од 1979 година, санкциите го спречувале извозот на природен гас од Иран. Заради овие санкции, Иран не можел да ги користи технолошките можности во транспортот од енергетските полиња, па морал да се користи со нешто поскромна технологија и средства како би пристапил до енергетските резерви. Овие санкции исто така на Иран го спречија да продава природен гас.

Сегашните закони во Иран исто така ја спречија ефикасната употреба на енергетските извори во ова земја. Иранскиот парламент планира да донесе амандмани на постоечките закони кои ќе бидат валидни од крајот на 2015 година.

Меѓу земјите на кои Ирам планира да им продава природен гас , веднаш штом бидат укинати санкциите се наоѓаат: Авганистан, Кина, ОАЕ, Кувајт, Ирак и Сирија. Иран исто така има намера да стапи во контакт и со Јапан и Јужна Кореја благодарени на гасоводите кои планира да ги изгради, овие гасоводи ќе имаат каопацитет од околу 70 милиони тони.

Замјите на Европската Унија кои моментално поголемиот дел од природниот гас го набавуваат од Русија, бараат нови добавувачи. Во таа смисла, иранскиот природен гас е многу важен за Европската Унија. Фактот дека тој до Европа може да дојде со користење на гасоводите преку Турција, значи дека ова е поволна можност, не само заради трошоците на ивестицијата, туку и заради малото потрошено време.

Најбрз и најекономичен пат по кој иранскиот природен гас би пристигнал во Европа е преку постоечките траси на Турција. Она што треба да се направи е да се зголеми капацитетот на гасоводот на релација Табриз-Анкара. На тој начин би се овозможило природниот гас од Иран да стигне во Европа прку турските гасоводи ТАНАП и ТАП.

Кога станува збор за енергијата, Турција зависи од надворешни извори, нејзината близина на енергетските извори , нејзината улога и добавувањето на истите, значи дека таа има стратешка позиција во светот на енергијата. Со веќе познатите рафинерии како што се Чејхан, гасовод од северен Ирак, Баку-Чејхан гасовод од јужен Кавказ, Табриз-Анкара, ТАНАП и ТАП, Сината струја, Јужната струја и многу други, Турција претставува расксрсница за сите произведувачи и купувачи на енергија.  Ако Турција и Иран успешно соработуваат, Турција може да ја има улогата на добавувач на нафта и природен гас  од Иран за целиот свет. Нема сомневање во тоа дека секаква соработка би била успешна и дека таа би донела напредок на народот на Иран кој веќе со децении плаќа заради санкциите коi им се наметнати.

Izvor: Harun Yahya,/ dubai-portal.com.mk

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here