После нападите на ИСИЛ во Париз, бегалската криза и уривањето на рускиот воен авион од страна на турската војска, дури и оние кои даваат најголем отпор спрема поголемото знаење по прашањето на војната во Сирија сега се прашуваат “ Зошто воопшто толку долго се војува во Сирија?“.
Една работа е очигледна и на оние кои досега многу површно го следеа овој судир во последните 5 години – тој трае и неговата жестина не се намалува.
Доколку ова беше судир во кој се вклучени локални или регионални актери, истиот веќе би завршил, меѓутоа кога зборуваме за Сирија зборуваме за судир во кој се вклучени речиси сите, па дури и оние кои досега седеа настрана, како на пример Германија, која сега и таа планира да се вклучи.
Со самото тоа, сё поголем број на луѓе сакаат да дознаат зошто воопшто се води војна во Сирија и зошто сите светски сили се толку расположени да заземат страна и со самото тоа да го продлабоќат конфликтот?
“Официјална“ причина, мислејќи притоа на оној медиумскиот кој е сервиран од страна на Западот, веројатно е најлош, во смисла дека објаснува најмалку. Меѓутоа, тоа е причина со која досега сите се запознати, аа тргнува од прилика вака- народот на Сирија се разбуди од десетвековниот сон и во 2011 година посака нивната земја да биде демократија и воне да владеат Западните економски начела и други вредности. Окрутниот диктатор кој е на власт, претседателот Башар Ал Асад, не сакал ниту да слушне за такво нешто и од тука на голоракиот народ ја испрати војската и полицијата која тргна со немилосрдните убивања на цивилите. Тогаш народот свати дека од мирните демонстрации нема ништо и дека треба да се вооружат…. и етде така започна војната во Сирија, а потоа подоцна од некаде се појави и ИСИЛ, ама за сё виновен е лошиот диктатор бидејќи неговите бруталности толку го радикализираа народот па и тоја наеднаш стана крајно брутален.
Тоа значи е “официјалната“ верзија за причината на војната во Сирија и оние кои сакат да веруваат во неа, нека веруваат. Живееме во интересно време кога е во тренд некаква вистина да се склопува од повеќе извори, меѓутоа сите водечки извори ги наведуваат горе наведените причини како единствена причина.
Дали навистина сё? Не баш, сё е кажано поприлично далеку од вистината. Тука има нешто кога станува збор за обид за задушување на востани по пат на сила, ама реакцијата на сириската држава на такво востание веројатно би била реакција на секоја држава. Значи, чекорите на сириските власти после избувнувањето на анти-владините демонстрации во пролетта 2011 година, секако доведоа до распламтување на војната, ама да се каже дека тоа се фундаментални причини би било крајно наивно. Бруталноста на режимот и придонесува на војната можеби за 10% и да нема други причини таа војна веќе одамна би била завршена со едно од две моќни сценарија: режимот би го угушил востанието или пак режимот под притисок на востанието би се распаднал од внатре, веројатно по пат на државен удар или некаков атентат.
Тоа е шро се однесува до тоа, сега да тргнеме на конкретните причини заради кои се води војна во Сирија, оние причини кои ја направија најопасна војна во последните четврт векови, војна која може да разбувне на целиот регион на Блискиот исток и притоа зафати добар дел од Европа.
Кога зборуваме за конкретни причини тогаш треба веднаш да се истакне дека ги има повеќе и овде нема да се фокусираме на нив, туку само на оние наведени во самиот наслов на текстот.
Сепак, да споменеме некои кои се важни, веројатно многу поважни од пригушувањето на востанието во пролетта 2011 година. Една од големите причини е сојузничкиот однос помеѓу Сирија и Русија, а оние кои имаат желба да доминираат со Блискиот исток не можат туку така да прифатат дека главниот збор во една од големите земји на овој простор да го има Русија која во последно време повторно се придвижи кон главен геополитички ривал.
Понатаму, една од причините е и идеолошки. Сирија не е демократија и не ги усвои Западните пазарни принципи. Уште повеќе, Сирија представува една идеологија, која никако не му се допаѓа на Западот – пан-арапска идеологија која заговара соединување на сите Арапи додека на Западот, аповеќе на нивниот клучен сојузник во регионот , Израел му одговара разединувањето на арапскиот свет кој меѓусебно ќе се испоубива на основа секташки, национални и други основи. Меѓутоа се додека Сирија постои, ќе постои и ќе тлее идејата за арапско соединување, а со самото тоа таа е примарен кандидат за уривање.
Кога зборуваме за причините тогаш тјука секако треба да се споменат и амбициите на Турција која сака да ги заштити своите граници, реши долгогодишниот проблем со курдите и загосподари со просторот на Сирија, како што владеела за времето на Османлиското царство. Се разбира, Турција денес е членка на НАТО и нејзините амбиции имаат до некаде подршка од остатокот на сојузот. Потоа имаме и нео-колонијални амбиции на Франција коај сепак господареше со Сирија после распаѓаето на Османслиското царство во првата половина на 20 век.
Постојат и други причини, разни геостратешки проекции, ама да се осврнеме на причината која по се судејќи е најважна – проектот кој во овој случај го нарековме “гасовод на смртта и пробибање на шиитската полумесечина“.
Станувз абор за гасовод од каде гасот од Блискиот исток би се префрлал во Европа. Тој гас е од есенцијална важност бидејќи со него ќе се гре Европа и кога ќе биде комплетиран Европа без страв ќе може значително да го намали купувањето на гас од Русија. Потсетуваме дека после Украинската криза Еропа одлучи дека мора по секоја цена да стане независна од Русија. Тоа значи дека европската нерегтеска диверсификација денес се наоѓа на зналително висока агенда.
Со други зборови, Европа сака дел од својот гас да го увезува и о друго место, така во случај доколку би се замерила со Русија, да биде исклулчена можноста таа да им го прекине доставувањето на гас – или пак сакаат да бидат во позиција да можат и да се замерат со Русија доколку има потреба? Во равките на надворешната политика сё е можно, ама тоа сега е малку важно. Клучен фактор за разбирање на ова анализа е тој дека Европа има цврст план во иднина својот гас да го увезува од друго место, и не смее многу да зависи од Русија.
Колку воопшто зависи од Русија? Поприлично, преку 30% од гасот пристигнува од Русија, а тоа можеме да го видиме на наведениот графикон:
Кој може да ја надомести таа колилина на гас, од каде Европа енергетски може да се диверсифицира? Еден од најконкретните одговори е Катар. Навистина , Катар? Мала монархија во Персискиот залив? Да, Имено територијалните води на Катар го зафаќаат гасното поле “South Pars / North Dome”, а не станува за било какво гасно поле туку за најголемо гасно поле на целиот свет.
Ова гасно поле има дури 51 билион кубици гас, а се протега на 9.700 квадратни километри. Од тоа поголемиот се наоѓа во територијалните води на Катар 6.0000 квадратни километри (North Dome).. Меѓутоа остатокот од 3.700 квадратни километри (South Pars) се наоѓа во територијалните води на Иран.
Локација на гасното поле на картата:
Гасот од ова гасно поле и треба на Европа, ама од кого да се купува, од Катар или од Иран? Сега кога Иран се врати од изолација после потпишувањето на нуклеарната програма, на Европа и е сеедно, само гасот да дојде.
Меѓутоа тука на сцена настапува заливското ривалство, а тоа се сведува на ова – гас на Европа ќе и продава она земја кој и физички и ќе и го достави. Ова е како заврзлама, како да се достави? Да ја погледнеме картата , на неа пишува сё. Значи, за да гасот од гасното поле “South Pars / North Dome” пристигне во Европа мора да се изгради гасовод, а тој ќе поминува ни “зафркнати“ територии.
Секоја земја има своја рута на која сака да го низгради гасоводот спрема Европа и притоа себе си избираат најприврзани територии, ама за жал по неа – сите територии водат преку Сирија. Со други зборови, она земја, односно оној блок кој стои зад таа земја, апсолутно ќе стане нгосподар на енергетската политика на новата ера доколку успее да го изгради тој гасовод и започне да доставува гас за Еропа.
Катарската рута води преку Саудиска Арабија, Јордан, Сирија и Турција, додека иранската рута по бројот на земји низ кои треба да помине е пократка, и таа води низ Ирак и Сирија, и за разлика од Катарската рута од Сирија до Европа се пренесува по морски пат, додека Катарската рута оди преку Турција преку копнен пат.
Да ги погледнеме овие две клучни рути на картата:
Се разбира секоја од овие двр рути има подршка на една глобална геополитичка сила – Катарската рута ја подржува САД додека Иранската ја подржува Русија.
Што уште моќеме да забележиме од картата? Иранската рута минива низ така наречената “ Шиитска полумеселина“ а тоа е геополитички термин за земјите, односно просторите, каде како мнозинство живеат муслимани шиити или пак каде тие се на власт ( или склони кон ова група на муслимани, како што во Сирија се алавитите). Станува збор за “полумесечината“ Иран-Ирак-Сирија-Либан.
Од картата можеме да видиме како изгледа “шиитската полумесечина“:
Се разбира, терминот е несоодветен. Нема никакви претспоставки дека нужно сите шиити и геополитички ќе се обединат, слично како Азербејџан, повеќе мнозинска шиитска земја, ориентирана спрема Западните интереси додека во случај на мнозинскиот Бахреин на власт е сунисткото малцинство. Сепак се тргнува од претпоставката дека најголема шиитска земја на Блискиот исток е Иран, и од тука природно се води и наметнува како доминантна сила кон останатите шиити во регионот, односно тие да се “држат заедно“.
Карта: шиитите на Блискиот исток
Многу подобар термин веројатно би одговарл како “ полумесечина на иранското влијание“ бидејќи токму овде зборуваме за тоа. Багдад, Дамаск, и Бејрут блиски се со Иран, и од тука Иран има силно влијание на овие центри.
Уште еднаш да ги погледнеме горе наведените карти, што забележуваме? Ова оска речиси Блискиот исток го “сече“ на два дела и доколку таа остане силна, богатите монархии можат да се најдар одсечени од Европа, а тоа најмногу би го погодило Катар, бидејќи нивиот гас нема да може лесно да дојде до Европа.
И овде работата станува сё појасна – обој блок кој ќе ја контролира Сирија, тој блок и ќе и доставува гас на Европа и од тука то ќе стане лидер на модерната енергетска политика што ќе му дава голема моќ, а можеби и моќ на другиот блок да го симне на колена.
Дали тоа ќе биде Рускиот блок ( Русија, Иран, Ирак, Сирија) или Американскиот блок( Катар, Саудиска Арабија, Јордам Турција)? Ќе се знае кога ќе се дознае победникот од сириската вона.
Од сето тоа само по себе се нуди и одговорот на прашањето зошто букна војната во Сирија, ама кој ја букна војната. Војната во Сирија ја подтикна Американскиот блок, бидејќи Сирија вече е ориентирана спрема Русија и Иран, а како таква таа никогаш не би дозволила Катарскиот гас да минива низ нејзината територија, а Иранскиот да го отфрли.
Се разбира, сега кога тоа е јасно, се поставува прашањето – зошто едноставно Катар и Иран не го пренесуваат заеднички својот гас преку Сирија имајќи во предвид дека на Европа и онака и треба многу гас? Во тој случај не би дошло до војна. Да, само што светот за жал уште не функционира како што треба, а се додека не функционира како што треба, ова ќе биде гасовод на смртта, кој и да го изгради.
dubai-portal.com.mk