ОД НАШИ СОРАБОТНИЦИ: (Стојан Кукунешоски): Целодневна Екскурзија во Албанија

0

Членовите на Извршниот одбор и претседателите на комисиите,во саботата на 28 ноември,во утринските ноемвриски денови,иако облачно но многу пријатно за прошетка од двете страни на крајбрежијето на Охридското Езеро,петнаесет пензионери од Здружението на пензионери –Струга,од различни етнички заедници;Македонци,Албанци и Власи со „комби“бесплатен превоз и престој во соседна Албанија предводени од претседателот Милорад Трпоски и секретарот на ЗП-Струга Изеир Мустафаи,преку манастирскиот комлекс „Свети Наум“кој е еден од најпосетените локалитети на Охридското крајбрежије изгледаше прекрасно на срамежливото ноемвриско сонце кое страмежливо излегуваше низ облаците ,беше вистинско уживање за очите.

Го напуштивме македонскиот дел преку граничниот премин „Свети Наум“,и веднаш во првото туристичко место Тушемиште во хотелот „Сирена“го испивме првото утринско кафе.

Комби,превозното средство полека но сигурно го грабеше патот низ областа „Дрилон“ и недогледното плпдно поле „Малиќи“кое рачно било исушено од блатото ни рече секратарот на ЗП –Струга Изеир Мустафаи кој објаснуваше за секое населено место.

Корча беше првата дестинација за одмор и прошетка по личен избор и посета на големата црква на плоштадот на Корча како ипрвото училиште нха албански јазик од 1887 година,од каде што започнала албанската писменост,а сега е музеј ни рече Изеир.

Пензионерите го прошетаа градот,го посетија пазарот,каде многумина купија по нешто за спомен.

По разгледувањето на градот,се замина кон Поградец,по самиот брег на Охридското Езеро,каде се уживаше во гледката,во последните часови од денот се замина на ручок на самиот граничен премн „Ќафасан“,потоа се упатија кон Струга.Пренесуваме мал дел од оваа божествена убавина,која беше овековечена и со фотографии за спомен.

Автор: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име