(Стојан Кукунешоски) : Поглед кон сопственото творештво

1188786jovan strezoski so laureatot9_836253889803458_4557795291796236899_n

НОВА КНИГА – „ЦЕЛИНА“ НА ПИСАТЕЛОТ ЈОВАН СТРЕЗОСКИ

Творештвото на истакнатиот македонски писател Јован Стрезовски се протега на страниците од 17 книги песни,раскази и романи за деца ,збирки песни за возрасни ,како и 8-те романи и 5-те книги раскази за возрасни.Кога кон ова ќе се додаде и фактотот дека Јован Стрезовски е автор на сценариото за македонскиот игран „Време води“ во режија на Бранко Гапо,како и на телевизиската драма „Илинка“,тогаш со право можеме да речеме дека се работи за импознатно литературно творештво кое опфаќа повеќе илјада страници и кое е високо вреднувано не само од нашата,туку и од странската литературна критика.Исто така,значајно е да се истакне дека поезијата и прозата на Јован Стрезовски се преведени и објавени во многу книги на српски,хрватски,руски,турски,романски и други јазици,што е потврда за осведочениот влог на авторот не само на македонската,туку и пошироко во светската литература и култура.

Но,ова претставување не би било целосно ако не го истакнеме уште и ова:тој на осумнаесетгодишна возраст станал учител во основното училиште во Вевчани кога ја објавил својата воопшто прва песна за деца,а потоа,по за вршувањето на факултетот бил новинар во Рдио Скопје,но и директор на две средни училиштра во Струга,а најдолго останал како директор на светската манифестација Струшки вечери на поезујата (СВП),кој е и еден од нејзините основачи,оставувајќи траен белег во нејзиниот повеќедецениски развој и афирмација на македонската литература и култура во светот.

Овие и уште многу други податоци од животописот на авторот,писателот Јован Стрезовски,роден 1931 година во селото Подгорци,а растен во Крагуевац и во други места,може да се најдат во неговата најнова книга со наслов „Целина“,која излезе деновиве.Имено,во не ќе го најдете неговото семејно стебло,но и семејното стебло на сопругата Борка и се така… по ред,како што одел и како што го живеел животот и творел нашиот писател Јован Стрезовски,одликуван,добитник на бројни наши и светски признанија,кои убаво и систематски поредени ја сочинуваат оваа,по многу нешто,драга книга за секого што би ја имал во рака.Од нејзините страноци блика неизмерниот талент и добрина на писателот Јован Стрезовски,а тоа ќе рече,книгата доаѓа во вистинско време ,за да го потврди нашето уверување,за неговиот исклучително плоден живот,дека пред нас е четиво кое со сета скромност на кажувањето,не запознава со изодениот пат на македонскиот автор,а се чита и проследува на еден здив.

Едноставно речено,пред нас и за нас е една топла и драга книга богато илуструрана со фотографии,документи и илустрации посветени на и за авторот,што е прва од ваков вид во нашата литература.

Автор и соработник на Дубаи Портал: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


seven + 3 =

%d bloggers like this: