Oгревното дрво од Македонија наместо кај граѓаните што го платиле, власта го извезе во Грција

Изјава за медиуми
Љупчо Николовски, дополнителен заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
Скопје, 12.01.2016

Продолжуваме да работиме во интерес на граѓаните и да ги докажуваме манипулациите и злоупотребите на власта на Никола Груевски преку ЈП Македонски Шуми и Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство.

ЈП Македонски Шуми од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на 27 јули 2015 побарало дозвола за извоз на околу 30.000 метри кубни огревно дрво, со образложение дека домашната побарувачка се задоволува од домашни потреби?!

Министерот експресно, следниот ден  одговара позитивно на ваквото барање и дава одобрение за извоз на 29.028 метри кубни дрва.

Додека многу семејства на почетокот на грејната сезона останаа без дрвата кои ги имаа платено во ЈП Македонски Шуми и беа приморани да плаќаат и по 4.000 денари за метар кубен од приватните складишта, ЈП бара а Министерството одобрува извоз на близу 30.000 метри кубни огревно дрво.

Со ова наместо граѓаните да го добијат огревното дрво што го платиле истото се одобрува да се извезува во Грција.

Прашуваме кој профитирал од оваа зделка на штета на граѓаните ?

Дали за ЈП Македонски шуми и за Министерството најважни се интересите на фамилијата или на граѓаните ?

За овие бизнис зделки на штета на граѓаните јавноста ќе ја дознае вистината и секој што го прекршил законот ќе одговара.

 

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


nine − = 5

%d bloggers like this: