Почитувани!

Советот на Месна Самоуправа Подгорци на одржаната седница на ден 16.01. 2016 година гo донесе следниот заклучок:
Седницата се состоеше од една точка на дневен ред која се однесува за зимско одржување и расчистување на снегот од главните улици во населбата Подгорци како и главниот пат од автобуска станица до Вевчански пат односно местото викано Орешки, како и до местото викано Трап на патот за Лабуништа.

Се донесе заклучок таа работа да ја извршува лицето Исниф Елмазоски од Подгорци со чија работа и квалитетно завршена работа сме сите ние запознаети имајќи го искуството од пред неколку години.
Во оваа прилика на лицето му посакуваме успешна работа.

 


Советот на Месна Самоуправа Подгорци апелира до сите жители да ги остранат сите моторни возила од улиците како би се овозможиле услови за непречено извршување на работата.
Во прилог на овој пост ви постираме и една слика каде со црвена линија се обележани улиците кои се опфатени во населбата.

Однапред ви благодариме на разбирањето.
Совет на Месна Самоуправа Подгорци.

 

 

dubai-portal.com.mk

 

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име