(Фото) Зарем нашите патишта, не вредат за нашите гласови ??! – 2 дел

0

Вака за жал денес изгледа локалниот пат на населба Подгорци кој води од и кон Струга, а се разбира ништо подобар не е и оној на нашите соседи Лабуништани.

Можеби овие две населби според многумина  се разликуваат во однос на некои работи, ама сепак тие имаат еден заедничи аманет оставен од  политички гарнитури кои изминативе години продефилирале низ овие наши локални патишта, кои повеќе  наликуваат на слалом патеки, само што овој пат слаломот се изведува по асфалт а не по снег.

Овде се разбира нема да именуваме кои сё партии излажале дека ќе го решат (ветиле)  овој проблем, туку самите ќе си ја имаат мувата на капата кога ќе се најдат во овој текст или пак кога во следниве избори, се разбира доколку повторно измогнат  храброст да се појават,  ветат или пак уште поголема храброст повторно да излажат, а ако пак успеат во тоа, односно да нё излажат, тогаш едноставно нешто недостига (фали)  во нашите глави.

Како и да е, резултатите од ваквата состојба на нашите патишта најмногу ја чувствуваме сите ние, а не оние седнати во  мерцедес-фотељите, кои ич гајле си немаат за состојбата на нашите села, а ич пак за тоа како се чувствува и што му недостига на народот кој им ја дал довербата.

 

Во изминатава година и пол низ овие наши слалом патеки  (локални патишта) стартувале голем број на учесници, тргнувајќи пред се од посетата на поранешниот-екс премиер Груевски, па се до нашиот ценет градоначалник Села, па и други учесници во политичката власт кои имаале можност да ја решат ова состојба, туку едноставно тие  гледале да стигнат само на цел-та, односно крајот од населбите кога си заминуваат, мислејќи дека куртулиле.

Ама нејсе, овие наши слалом патишта сё повеќе, односно секоја година стануваат сё повеќе специјализирани со додавање на повеќе специјални елементи (дупки)  во кои без сомнени се очекува да налета некој од стартинг-ски политичарите а крајниот резултат од нивниот ски-старт слалом, ќе го покажт судиите, а тоа се разбира знаете е народот, а тие резултати обично се објавуваат како награди  по завршување на купот на ски-асфалт слаломот натпреварувањето, а тоа се изборите.

“Што да се кажит, сега пред некој ден , гледам на фејсбук некои подгорчани, се распукале кон месната за некој си тендер за чистење на патиштата од снег  во и надвор од населбата, демек тоа е тендер на Општина Струга и дека таа е божем заслужна за “успехот“ на ваквата активност, мижи да ти баам..- вели еден наш Подгорчанец.

А, овие пак од Месната постојано со разни објаснувања за текот на работите  дека поднесле и барања и проекти за решавање на овој проблем, како и за тоа што е што, и како е и како треба да е, ама нејсе, кој да ги слуша, кога власта и општината, наместо со Месните како домаќини на секоја една населба ,секогаш си се консултират со своите, доушници, јагниња, телиња и што уште нё.,-надополнува друг наш сограѓанин

 

Притоа , овие наши Подгорчани и Лабуништани, правејќи им атер на сопствените интереси, (вработувања) забораваат на својот народ од каде доаѓаат и со кого живеат, замижуваат кога поминуваат низ нашите патишта како да не гледаат, правејќи го истото како и нивните претпоставени, удирајќи во овие дупки како со нозете, така и главата за да размислуваат како што сакаат,односно им наредуваат нивните претпост,  демек сё е во ред и така треба да биде.

И додека и едните и другите со разни глупости ги оптеретуваат социјалните мрежи (фејсбук), не сваќаат дека наскоро  нема да има и што да се чисти, туку треба да се чисти нашата и нивната совест.

Па така барем еден ( владин или општински чиновник )кој јаде леб од државната или општинската пекара, да собере храброст и каже дека на овие населби им треба и заслужуваат како што заслужуваат  и останатите населби,нови асфалтни патишта,  а не да се прави селекција, по партиска, национална и верска припадност, притоа потиснати од сопствените интереси да ги симнуваат панталоните и ………???!!

За ова сме пишувале многу пати, и пак ќе продолжеме сё додека не се појави вистинскиот човек или партија ( бидејќи сите вакви наши работи, обично секогаш се ветуваат и лажат само за време на избори, било да се парламентарни или локални), кој ќе посака вистински да им помогне, се разбира оддолжи за довербата кој народот би им ја дал.

Засега во изминативе десет години, такви луѓе-и партии немаме, односно нешто направиле, нешто под оставил за да можат да крпат секогаш кога ќе им треба глас.

Ама, нејсе, крајно време е Подгорчаните и Лабуништаните да се разбудат од краткотрајноста на сопствените интереси, и себе си, си постават прашање заради што не заслужиле и заслужуваат и како другите населби, а притоа допринесле повеќе од тие населби кои некои “наши“ политичари и функционер ги наградуваат со различни инвестици, градби и што уште не, бидејќи со таквата нивна селекција се омаловажува твојот народ, каде што си се родил, со кого си се дружел, и што уште не, па заради тоа стегни го ременот, собери храборост и не дозволувај секој некој да ти ги симнува панталоните, заради тоа што тој така посакал (ова се однесува на сите државни чиновници,вработени од власта или во општински структури, кои за “пусте паре проклете“ ги вработеле да носат бурек, и валкат и навредуваат сопствениот нардот, притоа  заборавајќи на сопствената чест и образ.

Меѓутоа како што  вели една реклама “ Празници се ближат“ се га наскоро сё поактуелна ќе биде рекламаат “Избори се ближат“, па да видиме што и како ќе биде, односно кој ќе биде излажан, кој ќе биде предавник, кој победник, кој за народ, кој против народот…..

Па драги наши, нека ни е со среќа и, нека господ ги награди оние ко го браат вашиот глас и како што заслужуваат “крпена дупка- крпен глас“. Амин !

 

dubai-portal.com.mk

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име