Сирија: Во воздушни напади на Русија и сириската војска во Алепо, загинаа 11 лица

Во напад со касетни и барел бомби загинаа десет членови на една фамилија.

АЛЕПО

АЛЕПО (АА) – Во воздушни напади на руски авиони и хеликоптери на сириската војска на северот на Алепо, во Сирија, загинаа 11 лица, јавува Anadolu Agency (AA).

Како што дознава новинарот на АА од припадниците на Цивилната заштита, руски авиони и хеликоптери на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, извеле напад со касетни и барел бомби во местото Каптан ал-Џабал и Кафр Хамра.

Во Каптан ал-Џабал загинале десет членови на иста фамилија, а едно лице загинало во Кафр-Хамри.

Покрај тоа, во соопштението на опозиционата група Нуредин ез-Зенки, се наведува дека режимските сили заедно со припадниците на ПЈД, огранок на ПКК во Сирија, извеле напади на појасот Каптан ал-Џабал и Шеик Акил.

Во соопштението се наведува дека судирите и понатаму траат.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


4 + six =

%d bloggers like this: