давутоглу

ДАВУТОГЛУ: Лидер на опозициска партија соработува со терористите како би ја вовлекол Турција во хаос

давутоглу

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денес изјави дека лидер на една од опозициските партии во Турција подготвувал заговор против Турција соработувајќи со терористите, како би ја “вовлекол Турција во хаос“, изјавил тој.

“Нивната намера никако не е мир и спокој во земјата, туку Турција да биде вовлечена во хаос, соработувајќи со терористи“, одговарајќи на прашањата за повикот за масовни протести во Дијарбакир од страна на лидерот на прокурдската Народна демократска партија Салахатин Демиртас.

“Тоа нема да го дозволиме . Ова посебно сакаме да го нагласиме“, изјавил Давутоглу на конференцијата за медиуми.

Лидерот на опозициската Народна демократска партија (HDP) во понеделникот ја повикал јавноста на масовни протести кои не се одобрени од страна на надлежните органи, а кои се најавени под наводното барање да се прекинат повеќе месечните антитерористички операции против ПКК и прекине полицискиот час во овој град.

Давутоглу денес порачал дека на тоа подрачје ќе бидат продолжени активностите се додека тоа подрачје не биде очистено од вооружени особи.

Од друга страна, турските сили за безбедност ги интензивирале контролите на влезовите дистриктот Сур во југоисточната провинција Дијарбакир во која Демиртас ја повика јавноста на масовни протести.

На самите улици во Сур полицијата врши контрола на сите возила и во градот пуштаат ислучиво луѓе кои претстојуваат во него. И во внатрешноста на градот зајакнати се мерките за безбедност, а надлежните служби ги одстрануваат автомобилите од паркинзите на во самиот центар на градот
Југоистокот на Турција од минатото лето претставува центар на интензивни активности на терористичката организација ПКК, а од средината на декември минатата година турските сили за безбедност спроведуваат опсежни антитерористички операции, најинтензивни токму во провинцијата Дијарбакир и Сирнак.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


eight + 7 =

%d bloggers like this: