Prince Turki Al Faisal of Saudi Arabia speaks on Saudi issues in Washington

Пишува: принц Turki Al Faisal/dubai-portal

Не, господине Обама. Ние не сме слободни јавачи. Со вас ги споделивме нашите разузнувачки податоци кои спречија терористички напади во Америка.

Инициравме состаноци кои доведоа до коалиција која се бори против ИСИЛ, финансираме и обучуваме Сириски борци за слобода, кои се борат против најголемите терористи, како што се АСАД и ИСИЛ. Испративме своја војска на терен, со што ова коалиција би ја направиле повеќе ефективна во елиминирање на терористите.

Даваме воена политичка и хуманитарна подршка, која му помага на Јемен и луѓето кои се обидуваат да ја преземат својата држава од злосторничкото племе на Хутите, кои со подршка на Иранското раководство се обидува да го заземе Јемен и сето тоа без повикување помош на американски сили. Воспоставивме коалиција во повеќе од триесет муслимански земји да се борат против сите видови на тероро во светот.

Најголеми донатори сме на хуманитарна помош за бегалците во Сирија, Јемен и Ирак. Се бориме против екстремистичката идеологија која се обидува да ја уништи нашата религија на сите нивоа. Единствени финансиери сме за борба против тероризмот во ОН. Купуваме американски државни обврзници и бараме многу ниски камати, а тоа како последица ја има подршката на вашата економија.

Испраќаме илјадници студенти на вашите универзитети, со огромни трошоци, да стекнат знаења. Угостивме преку 30.000 американски државјани и масно им плативнме за нивните услуги и менаџмент во нашаѕа индустрија. Вашиот државен секретар за одбрана често пати го пофалува нивото на соработка помеѓу нашите две држави.

Службеници на Вашиот трезор јавно ги пофалија мерките на Саудиска Арабија кои се однесуваат на прекинување на било какво финансирање на тероризам. Нашиот крал Салман со вас се сретна минатиот септември и ги прифати Вашите уверувања дека нуклеарниот споразум кој го постигнавте со Иран дека ќе ја спречи реализацијата на истиоти во време на траење на договорот. Нагласивте како “ Кралството има водечка улога во арапскиот и исламскиот свет“.

Двајцата ја усогласивте потребата , особено онаа која се однесува на “дестабилизација на иранските активности“, а сега само нас не обвинувате за тоа. Нё обвинувате и за потикнување на судири во Сирија, Јемен, и Ирак. Како сол на рана ја додавате и навредата “ дека нашиот свет го делиме со Иран“, држава која ја опишавта како заговарач на тероризам, иако на нашиот крал му ветивте дека ќе работите на дестабилизација на истата.

Дали е можно дека не ви одговара подршката од Кралството, на луѓето во Египет, кои се против влада на Муслиманските браќа која вие ја подржувате? Или тоа што рахметли Кралот Абдулах удири со дланката на маса, кога за последен пат се сретнавте, и кога ви рече: “ Нема повеќе црвени линии (цртање на граници), господине Претседателе!“

Или тоа е заради тоа шро сега толку се сцртивте кон Иран, па така нашето долгогофишно пријателство го ставате на исто ниво, иако сеуште тоа исто раководство ве опишува како најголем непријател, водство кое продолжува да се вооружува, финансира и подржува секташките групи кои денес се наоѓаат во арапскиот и муслиманскиот свет. Та иста власт (Иран) стана сигурно заослниште за Ал Каеда, спречува одржување на избори во Либан по пат на делување на Хезболах, која вашата влада ја третира како терористичка организација, и коај сеуште убива Сиријци и Арапи под знамето на Башар Ал Асад?

Не, господине Обама. Ние не сме ви “слободни јавачи“ на кои вие реферирате. Ние сме лидери, и ние ги прифаќаме нашите грешки и ги поправаме. И понатаму спрема амаериканскиот народ ќе се однесуваме како кон наш сојузник. И не заборавајте  кога колата ви тргна низ брдо, дека заедно со војската која Буш постариот се спротивставивме на агресијата на Садам врз Кувајт. Господине Обама, тоа сме ние!

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here