НАША КОЛУМНА : “Се продава село“

0
20

 

,,НЕШТО ОД ЖИВОТОТ,,

Некогаш можеш да пишуваш и ако нема некое посебно случување кое би ти било инспирација. Но, некогаш има толку многу случувања и идеи а едноставно неможеш ништо да напишеш. Тогаш можеби е најдобро да објавиш нешто што си прочитал и што мислиш дека е вредно и другите да го прочитаат зашто знаеме дека денес ретко кој чита книги, а уште поретко некој да напише вистинско дело вредно за читање. За таа цел би се навратил на еден расказ, на еден голем писател и визионер од нашиот крај Анѓелко Крстиќ (с.Лабуништа) кој пред точно 76 години ќе го напише делото со наслов ,, ПРОДАЈЕ СЕ СЕЛО,,. – (од овој расказ се користени пооделни цитати со превод а без притоа да се наруши основната содржина и мисловна цел на делото).

,,ПРОДАЈЕ СЕ СЕЛО,,

Мирјан, учитељ месне гимназије, за столом пред гостионицом ,,Југославија,, где сврати на шољу липова чаја, прочита овај оглас у листу ,,Јужна Србија,,

,, цело село, у површини од око неколико хилјада хектара, обрадљиво скоро све, а погодно нарочито за културу индустриских билјака(рицинус, афион, уљарице итд) продаје се из слободне руке,,

-Што, зарем е можно!… може и тоа да биде кај нас, какви сме! – помисли и повторно го разгледа огласот, чисто и со неверување. – да, богами, цело село… си помисли… дали е тоа некоја беговска заоставштина, чифлик.. не знам…Сепак мислам дека тоа е некоја модерна беговштина!. … и осети некое студенило и по целото тело се наежи кога помисли во себе и се праша … дуваат ветрови од сите страни а ние ги продаваме и ги селиме своите луѓе и нивниот добиток и потајно восебе се куражиме и мислиме дека тие луѓе ако утре задуваат олуи ќе се спротистават и ќе не стават под нивна закрила со целата своја снага која за жал ја немаат и да сакаат!

——————————————————————————————————————

Приметувајќи го неговиот пријател Михајло, судија во месниот аграрен суд, Мирјан веднаш му го подава огласот

-што, да не сакаш ти да го купиш?

-да , би го купил,

-но дали само земјата или и на населението се мисли?

-па ево овде пишува: цело село. Сигурно селото го сочинуваат и земја и мажи и жени, деца и добиток.

– зависи како ќе се договориш и пазариш!

– добро како ќе се договориш, но прво како се доаѓа до пари за да можам да се пазарам?

– а за тоа е лесно, само ако човек одважно реши за да дојде до нив и тоа на крупно.

-на пример… да оплачкам некоја каса?

– за тоа не си способен а јас имам подобра идеја – да бидеш некоја власт!

– и тогаш, што?

– тогаш лесно, на рака ти е се и сешто, од горе па се до послужителот долу!

– а како се доаѓа до таа положба ?

– па вие јужносрбијанци (македонци) за тоа подобро знаете. Вие добро умеете да ги продавате селата и издавате тапии за нивното население.

– а после?

– после кредити, закупнини, претпријатија, посредништво, вработување, преместување, откуп на афион, тутун и уште што јас знам…положбата ќе те упати кон све што треба да правиш..а за пари колку сакаш… да купиш и две такви села.

-така, така значи ,, докле буде магарца, биќе и самарца,, како што има речено народот.

——————————————————————————————————————–

Се запраша…каде е тоа село?Каков е тој народ што се продава?..

Сепак треба да се појде и да се побара…ќе тргнам пешки, апостолски…

———————————————————————————————————————

Еве го близу селото. Убави куќички. Поле околу нив пространо, равно, засејано со афион, сончоглед, рицинус, ориз. Пред селото, на една чистина, група селани, селанки и деца, стојат одвоено, со скината облека, слаби, со помодрени лица како тогаш од гробница да излегле… Во близина десетина граѓани, седнати на широки столови на кои има и пишувачки прибор. Тоа се луѓе гојазни, со набрекнати вратови.

-Кого го барате? Го праша една жена… – дали сте некој купувач или препродавач?

-не, несум…а кои се овие?

– онаа група на селани, тоа се населението на ова село, кое е на продажба заедно со земјата, а оние на столовите се купувачите и оценувачката комисија.

– па зарем и населението се продава со земјата?!

– се заедно. Потребна е работна сила за купувачите.

– па кој продава? …Кој купува?!

– е тоа се луѓе кои тоа го можат.

– ?!!!…

———————————————————————————————————————

Кон луѓето пристапува докторот како оценувачка комисија…ги соблекува…им ги мери градите…ги опипува мускулите…им ги гледа забите… . ги оценува по категории на прва, втора, шкарт.

-погледните, сега и деца прегледуваат! …возраст 8 години….способно за чување добиток… вели докторот…. понатака, извикнува!

– зарем и деца се продаваат!!!!

– да, нема потреба да бидат школовани!

———————————————————————————————————————

Сине!…- надвиснува над него мајка му, и му ја става раката на челото.

-што мајко? Ја запраша Мирјан својата мајка која бдееше над него.

– ти нешто тешко сонуваш…имаш температура.

– сонував мајко, сонував!, бладам, но бладам за вистината, – додаде за себе, помислувајќи на огласот и купопродажбата на селото….

Анѓелко Крстиќ 1940 год.

——————————————————————————————————————-

Сега чуствувам дека можам да го образложам делото и да објаснам ,,што сака да каже авторот,,. Но сепак, мислам дека во сите нас останало барем уште некој чист и здрав кубен милиметар од нашиот мозок кој не е испран со оваа лажна пропаганда и ќе може на правилен начин да го сфати и разбере ова дело а притоа да не му биде образложено од коекакви телевизиски водители и таканаречени аналитичари.

Јас знам само едно, дека Анѓелко Крстиќ не пишува дека се продава моето село и моите луѓе, зашто знам дека луѓето во тоа село пред да плукнат на некого, попрва ќе си плукнат во своите раце испукани од малтер колку да ги омекнат за да можат повторно и повторно да ја фатат лопатата и без ничива помош да изградат дом за своите поколенија без притоа да ја покрадат иднината на децата од своите сонародници како што некој тоа друг ни го прави. Знам дека тоа не е моето село зошто тоа е под планината Јабланица, под таа богато облечена невеста во чие источни падини се ресат питомите Октишки костени а во нејзиното подмножје се слуша бујната Вевчанска Матица како и сливот на бистрите Јабланички реки и Долнодримколски потоци.

Кога ќе се качиш низ густата ладовина на разгранетите столетни дабови и буки ќе стигнеш до пространите Боровечки рудини послани со меки кадифести ледини, ишарани со разнобојни цветови. И кога ќе застанеш под горостасниот Лабунишки врв Пуполјак ќе можеш да набљудуваш како крилестиот орел тромаво се спушта во карпите да го нахрани своето младо. Ако појдеш некој чекор подалеку се до врвот ќе го видиш како се бранува со тивкиот миризлив поветарец Подгоречкото Езеро кое сјае и се капе во топлите сончеви зраци. Таму погледот застанува, вкочането посматра, а градите родолубиво се шират. Под таа планина, ниту јас, ниту мојата куќа, ниту моето село а верувам дека и мојот народ (без разлика на вера и нација) нема да може никој повеќе да го купи, уценува и препродава.

Автор на колумната   др. Бојчески Оливер

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име