хрватска - еу

Откако  Томислав Карамарко отворено искажал недоверба кон премиерот Тихомир Орешковиќ, Хрватска практички остана без влада, а на почетокот на неделата на маѓународната берза пропадна издавањето на еврообврзниците, пишува порталот Index.hr.

Прв пат од излегувањето на меѓународната берза од 1997 година, државата не го реализирала издавањето на обврзниците. Тоа предизвикало загриженост за нормалното функционирање на државата, бидејќи секој хрватски буџет константно се “крпи“ со задолжување, а на наплатата секоја година стигнуваат милијарди стари долгови, констатира порталор.

Во текстот се потсетува дека Хрватска планирала минатата недела да се задолжи за околу милијарда евра на меѓународната берза со издавање на еврообврзиници, ама дека заради нестабилната политилка ситуација потенцијалните купувачи нан обврзниците барале исклучително висока камата.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here