13514391_1438557076169803_1482369382_n

Ќе биде… Победата е тука, само треба трпение и заедништво… (Масовен протест на Шарената револуција- Скопје 20.06.2016)

Ќе биде… Победата е тука, само треба трпение и заедништво…

Вака ни изјави 76 годишниот Милован, кој ете и тој решил да му се придружи на оваа толпа на луѓе кои и покрај жешкото сонце се одлучил својот револт кон оваа власт да го сподели со сите оние кои решиле да излеат на улица, и демонстрираат заедништво, со надеж дека еднаш засекога, дали денес или утре ќе му се стави крај на оваа диктатура.

Вакво нешто досега наназад години нё ни се случувало, да имаме ваква власт, ама не ни се случувало пак и да имаме и олкавав број на луѓе, како денес, иако тие веќе не престануваат да доаѓаат и на секојдневни протести низ Скопје па така и ширум цела Македониј. Иако можеби според некои моето време поминало, ама сепак мора да се бориме за нашите поколенија, што понатаму ни доаѓаат, бидејќи и за тоа ќе сносиме одговорност – ни изјави 69 годишниот Рефик, Скопјанец, кој и тој како и другите решил да излезе и искаже својот револт, и да каже дека и тој е дел од Шарената револција на Скопје и Македонија.

А, ние почитувани, Ви го пренесуваме забележаното (регистрирано) видео од вчерашниот масовен протест на Шарената револуција, овој пат на Македонија, да кажеме дека ни беше посебна чест и задоволство да бидеме дел од еден ваков историски настан, каде што нё имаше и : Македонци, Албанци, Турци, Торбеши, Власи,Бошњаци, Роми, Египќани сите на едно место, како едно, како и секогаш во заедничка борба за конечна слобода на демократијата и правдата во Македонија.

13480027_1438557046169806_1367222953_n 13487802_1438557066169804_1185011368_n  13511581_1438557069503137_619321454_n 13514391_1438557076169803_1482369382_n

13521621_1438557049503139_913387853_n 13492824_1438557052836472_1105753407_n

Dubai-portal.com.mk




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


eight − 4 =

%d bloggers like this: