jovanovi'c

Пред точно 25 години, односно на 25.јуни Хрватска и Словенија прогласија независност и распаѓањето на Југославија можело да почне.

Четврт век подоцна, Европската унија го задоби најтешкиот удар до сега со излегувањето на Велика Британија, а според зборовите на поранешниот југословенски шеф на дипломатијата Валадислав Јовановиќ, има доста симболика во тоа што се случува на годишница од почетокот на растурањето на Југославија.

-Тоа значи дека има господ, сё се враќа. Тогаш еден Англичанец, Лорд Карингтон, ја потпиша смртната пресуда на Југославија и без проблем го подржаа сепаратизмот во Загреб и Љубљана, а сите знаеме како крваво се заврши. ЕУ сега го здоби најголемиот удар во плексус кој дури подоцна ке ги покаже сите свои последици, иако првите реакции на политичарите, пред сё на Ангела Меркел, се многу воздржани.

Иако најголемите проблеми за Унијата досега доаѓале од југот, невработеноста, проблемот со миграцијата и другите работи, сепак ударите уследија од северот, прво од Исланд, кој одбил понатаму да чекори кон европската заедница, а сега еве и Британците. Не треба да се заборават и поранешните социјалистички земји од истокот, како што се Унгарија, Полска и Словачка, кои започнуваат самостојно да излегуваат. Европската Унија стана натрупана со внатрешни проблеми и нејзините амбиции да стане моќен меѓународен центар сега се раздрмани – вели Јовановиќ.

– Се разбира, ова не мора да значи дека Велика Британија ќе се распадне, ама сега на Островот ќе има сериозни проблеми, пред сё со Шкотска, која сака да остане во ЕУ, како и можното соединување на Северна Ирска и Ирска, а кој знае можеби и на Велс. Во секој случај ќе има многу малку време да се занимаваат со Балканските земји како што тоа го правеле во изминатите 150 години, што е многу добро земјите од поренашна Југославија – заклучил Јовановиќ..

Извор: (Alo)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here