Балканот ќе почувствува долготрајни последици од зилегувањето на Британија од ЕУ, а со тоа е отворена вратата и зголеменот руско влијание, вели аналитичарот од САД Даниел Сервер.

putin

“Тој регион многу зависи од европската политика и инвестиции, ама сепак сеуште е важно политичкото влијание. Брезгит  ќе ја отвори вратата за зголемување на рускот влијание. Путин сигурно ќе го зајакне својот притисок во Србија, Република Српска и Македонија и да ги одвраќа од ЕУ и НАТО“, изјавил сервер за “Блиц“.

Тој отценил дека Брегзит претставува “многу лоша вест“ за Британија, ЕУ, САД и Балканот, а добра за Путин.

“Моите пријатели и јас нема да славиме“, истакнал тој и додал дека светската економија ќе склизне кон рецесија додека пак Шкотска ќе побара отцепување.

“Не сум толку сигурен за Северна Ирска“, изјавил Сервер и нагласил дека очекувал дека “рационалните економисти и политичките причини ќе надвладеат над анимозитетот спрема мигрантите“.

На прашањето како САД ќе се постави спрема Велика Британија, изјавил дека тие ќе се “ трудат да се претвараат како ништо да не се случило“.

“Трамп сигурно ќе извлече некоја корист од тоа, а Клинтон ќе изгуби“, порачал Сервер.

Tanjug)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here