BREAKING NEWS
Search
Iljushin

Паднатиот руски авион изгорел, пронајдени четири тела и црната кутија

Iljushin

ИРКУТСК – Руското Министерство за вонредни ситуации денес објави соопштение дека пронајдени се четири тела од транспортниот авион “Иљушин 2-76, кој летал со 11 членови на екипажот и стручњаци од противпожарна екипа во петокот исчезна  во текот на фасење на пожар во Сибир, а потоа се урнал. Руската агенција Тасс јавила дека пред тоа пронајдена е една од двете црни кутии од леталото, а шефот на Сибирскиот регионален центар на руското Министерствио за вонредби ситуации Сергеј Диденко истакнал дека авионот се урнал во Иркутската област.

“Авионот речиси целосно изгорел, освен делот на опашката“, изјавил Диденко. Тасс потврдува и тоа дека Центарот за воздушно гасење на шумски пожари го објавил паѓањето на авионот предизвикал пожар во шумата. Руската агенција додава  дека пред тоа се појавиле тврдења дека паднатиот авионо е откриен на четири километри од населбата Рибни Јан. Властите продолжуваат со потрагата по другите тела. Гувернерот на Иркутската област Сергеј Левченко утрешниот ден го прогласил како ден на жалост после пронаоѓањето на првите тела од авионот. Рускиот тежок транспортен авион “Иљушин 2-76, кој учествувал во операцијата на гаснење на шумски пожар, исчезнал во петокот во Иркутската област, со 11 членови на екипажот и стручњаци од противпожарните екипи. Извор од регионалната спасувачка служба изјавил за Тасс  дека авонот “Иљушин 2-76“, кој улествувал во гаснењето на пожарот, во еен момент изгубил контакт со радио контролата. Авионот тргнал  да згасне пожар и во еден момент изгубена е комуникацијата“, потврди ток. Авионот припаѓал на Министерството за вонредни ситуации.

Извор: Тасс




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× six = 42

%d bloggers like this: