Бахреин, Бахами и Обединетите Арапски Емирати ги предупредија своите државјани да бидат внимателни при посетата на американските градови, во кои илјадници луѓе протестираат заради полициската бруталност насочена спрема Афроамериканците.
Фото: Архива
Соединетите Американски Држави спаѓаат во редоз на земји кои постојано објавуваат предупредувања за патувањето на своите граѓани, апелирајќи да бидат внимателни кога посетуваат земји зафатени си насилства или државите во кои нивната аднимистрација е означена како политички е нстабилна.
Сега САД е во центарот на загриженоста на владите на земјите од Блискио исот и Карибите заради протестите во бројни градови.
Амбасадата на Бахреин во САД побарала од своите државјани да бидат внимателни заради протестите или другите видиви на собирања ширум САД.
Бахами своите граѓани ги предупреди да бидат внимателни при посетата на американските градови заради вооружените инциденти во кои цел се младите Афроамериканци.
Сомнителни заради Облеката
Обединетите Араопски Емирати од своите студенти и државјани кои претстојуваат во САД, исто така побара да бидат внимателни, користејќи сличен тон како кога Стејт Департментот ги предупредува Американците да бидат внимателни при посетата на земјите кои биле цел на вооружени напади.
Нешто порани Министерството за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати ги предупреди своите граѓани, кои имаат намера да патуваат во странство, заради соптвената безбедност да избегнуваат носење на традиционална облека.
Причината за загриженост е инциентот кој се случи во американската сојузна држава Охајо кога државјанин на Емиратите заради облеката бил поврзан со тероризам.
Медиумите тогаш објавија дека државјанинот на Обединетите Арапски Емирати Ахмед ал-Менхали бил приведен во еден хотел.
После испрашувањето Ал-Менхали со извинување бил пуштен од страна на тамошната полиција.