seko1

Наша колумна: Не паѓа снегот да го покрие брегот

seko Пишува: Шериф Ајрадиноски

Јас (не)мислам така, јас имам ст(р)ав

Не паѓа снегот да го покрие брегот

Една стара босанска мудрост вели; „Не пада снијег да би покрио бријег, него да свака звијер покаже траг.“ Немилите настани, обидот за воен пуч во Анкара, главниот град на Турција и Истамбул, главниот град на Византија, Османската империја и, би рекол, главниот град на светот ја потврдија вистинитоста на оваа мудрост. Минатиот петок(15 јули), додека очите на европската јавност беа вперени во Ница, а на балканската во Сарајево кон „Звездите на Гранд“, звездите и небото над Турција беа затемнети од авионите и хелокоптерите на Турската армија(поточно на дел од Армијата) кои од небото, како и тенковите и пушките на земјата, се впуштија во темна авантура со ниет да го бомбардираат Парламентот, Владата и другите институции на Р. Турција, да го ликвидираат, легално избраниот и легитимен (избран со над 50 проценти од гласачите) председател Реџеп Тајиб Ердоган и да пролеваат крв на граѓани чиј што леб го јадат, токму со оружјето купено од парите на тие исти граѓани,  многу ситни, а Бога ми и крупни „зверки“ ги покажаа и своите траги, своите рогови… Го покажаа своето право лице, своето лицемерие и хипокризија и своето (не)познаванње и своите двојни стандарди и аршини…Со еден збор, ја покажаа својата непринципиелност и својата „доследна недоследност“.

Прерано се израдуваа, односно го прижелкуваа падот, на неприкосновениот лидер на Турција и, пред многу аналитичари, неформален лидер на сите муслимани на Дуњалук(од Машрик до Магриб), Реџеп Тајиб Ердоган. Како увертира на се, беше затворањето на конзулатот на Франција. Коинциденција или нешто друго…? На почетокот „мудро молчење“ од страна на западните „демократски“ и „либерални“сили, официјални лица, граѓански асоцијации и медиуми. На социјалните мрежи меѓу првите се огласија во Бугарија, со желби пучот да успее. Ништо чудно за поупатените.  Огромен број Бугари сеуште не се ослободени од својот анимозитет кон Турците. Но има уште една важна причина. Тие Торбешот(Помакот) Мустафа Ататурк го сметаат за „гољам балгарин“,(спротивно на нивниот генерал Стилијан Ковачев, чија ќерка била вљубена во младиот Мустафа, а тој не сакал да ја омажи за Турчин) а војската за „чувар на Кемаловите принципи“.  Во Македонија, некои политичари, новинари и други опозиционери, фрустрирани од немоќта во сопствената замја со лошо организираната и од СДСМ и Лидерот Заев злоупотребена „шарена револуција“, злурадо и морбидно посакуваа да падне крв, со пораки „и на ваша глава“, споредувајќи го „диктаторот“ Ердоган со Груевски. Колку и да се труди човек да ги разбере сите овие фрустрации, како моменталните така и оние од историските анти-турски и анти-исламски комлекси, тешко ќе може да се разбере. Да се споредува еден Ердоган, кој Турската држава ја води кон друштвото на најразвиените земји во светот, со еден Груевски кој Македонија ја бувна на најниското ниво меѓу најсиромашните земји во светот и ја води кон амбисот на изчезнуванње , тоа е како да се споредува еден лав со една мачка! Оние пак другите од власта го поистоветуваа нивниот „вожд“ со Ердоган, а себе си со храбриот турски народ, порачувајќи „како се брани лидерот“! Еден мој пријател (новинар, Македонец), ироночно забележа дека „Македонците навиваат за турскиот аскер“ и тн. Парадокс до парадокс, апсурд до апсурд!

Светските медиуми, наместо да го осудат непопуларниот и недемократски воен пуч против една демократски и со огромно мнозинтво избрана власт, тие се потрудија да го обвинат, спред нив, „автократскиот исламистички лидер“, Ердоган дека, внимавајте „предизвикал немири во Турција“!. Други објавија дека „кукавички се обидел“ да побегне ама не добил азил од Берлин и Лондон! Побегнал во Техеран! Само неколку држави веднаш и недвосмисленио дадоа подршка на легалната власт во Турција. Катар, Мароко и некои други, ама само од Блискиот исток и Магребот. Ниедна европска земја! Образот на Европа го обели само предсетателот на претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ! Каков е, таков е ама сепак е син на големиот Алија кој не калкулираше, секогаш принципиелно и доследно да застане на страната на вистината и правдата.

Молкот и очекувањето да падне Ердоган и Владата ги прекина токму Ердоган, кој на нацијата и се обрати од мобилен и мујезините од џамиите кои го повикаа турскиот народ да излезе на улица и да се спротивстави. Тогаш се покажа духот на народот кој голорак излезе на мета на „челичните птици“ кои го бомбардираа од небото, а на земја лежеше пред челичните тенкови за да го спречи нивниот смртоносен поход, ги обиколи и на крај се искачи на нив, разоружувајќи ги кутрите и злоупотребени од некои нивни препоставени генерали верни на велеиздајникот Ѓулен, до заби наоружани војници. Турскиот челичен дух го победи бездушниот челик. „Духот е појак од челикот“- по кој знае кој пат, деновиве низ глава ми се вртат овие зборови на Алија Изетбеговиќ. Во тие моменти многумина сватија што е дух, патриотизам и спремност да се брани татковина. На изненадување на мнодумина со своја подршка до Лидерот се огласи, не само сменетиот премиер Давутоглу, кој можеби имал причини да посакува пад на Ердоган, не само Калиџароглу, лидерот на најголемата опозициона партија CHP, туку сите опзициони партии свесни за последиците по нивната земја. Тоа се вика патриотизам.

Кога по неколку часови неизвесност, кога “кукавичкиот бегалец“ не испадна тоа што тие посакуваа, туку остана тоа што е, храбар орел, кој ризикувајќи го животот, со својот авион прелета од Мармарис до Цариград за да биде раме до раме со својот народ.

И кога бунтот беше угушен, „ветерот ја смени насоката“! Тогаш и Обама и Кери и Меркел и многу други државници „изразија подршка на легалната и демократски избрана власт“. Тоа се вика хопокризија. Дека е тоа така и дека се работи за класично лицемерие, се покажа многу брзо кога Обама и Кери, наместо да го испорачаат нивниот штитеник, ционистот под маска на исламски верски лидер Фетулах Ѓулен, тие се закануваат на Турција со исклучување од НАТО, ако не постапувале благо со апсените пучисти. Белки нема да предложат електрични столици(смртна казна без пролевање крв) и третман како оној во Гвантанамо!?  Слично постапи и Меркел. Дури и официјална Франција која заради терористички напади веќе подолго време има прогласено вонредна состојба. Морбидна иронија или нешто друго, но и покрај тоа на денот на прославата нанивната државност еден камион со сладолед во Ница им уби стотина граѓани! Други почнаа да плетат сплетки дека тоа не било вистински воен пуч, дека Ердоган го измислил целото сценарио за да ја зацврстел својата авротитарна власт. Трети жалат што пучот не успеал како оној „успешен“ во Египет! Четврти велат дека „диктаторот“ Ердоган, „научил нешто“ од диктаторот Милошевиќ, изведувајќи ги тенковите на улица, (не)свесни дека Милошевиќ ги вадеше тенковите против народот кој протестираше заради украдените гласови, а тој и неговите соработници беа на безбедно, Ердоган и неговите соработници беа мета. Нека ги видат снимките од џеназето(погребот) на еден од неговите најблиски соработници кој загинал заедно со синот, на кои се гледа како Големиот Лидер, а според нив „големиот диктатор и сценарист“ Ердоган, липа и плаче како мало дете. Не беа тоа крокодилски солзи. Крокодилски солзи често гледаме на лицето на еден друг „исламски кидер“ од турско потекло, кој живее во Пенсилванија и кој, според сите индиции, стои зад сева оваа ујдурма. Неговото име е Фетулах Ѓулен. Контраверзна личност која повеќе од две децении има направено широка мрежа на свои присталици ширум регионот, а особено на Балканот. И тој ги покажа своите издајнички трагови иако вешто се крие под маската на исламот. Интересно, неговите следбеници низ Македонија, „полни усти“ пофалби за Ердоган, ама „полни џепови“ пари од Ѓулен, не знаат кој пат да фатат и чија страна да заземаат во моменти на ваква поларизација кога никој не остана рамнодушен и неутрален. Затоа што во овој случај, не е прашањето дали си за Ердоган или Ататурк, дали си за Едроган или Ѓулен и тн. Прашањето е дали си за демократија или за хунта? Дали си за дух или за челик? Дали си се ставил на оваа или онаа страна заради должност, убедување и принцип или заради интерес, фрустрации, кпмплекси, непринципиелност и доследна недоследност? Прашањето секој сам нека си го постави и секој себе си нека си одговори.

автор

Колумната претставува став на авторот, и истата не го одразува мислењето на редакцијата ( уредувачката политика )на Дубаи Портал.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


nine + 2 =

%d bloggers like this: