burkini

Францускиот суд ја поништа забраната за буркини

burkini

Врховниот суд во Франција ја укина контроверзната забрана за носење на буркини, костим за пливање со кој се прекрива целото тело. Судот денеска донесе одлука според која локалните власти може да донесат ограничувања на индивидуалните слободи, само ако постои „докажан ризик“ за јавниот ред.

Одлуката за забрана на буркинито, ја обжалија две групи за човекови права – Француската лига за човекови права и Организацијата против исламофобија во Франција. Буркинито е во согласност со исламските стандарди на скромност.

Неколку француски градови донесоа забрани за користење на костимот за капење по серијата неодамнешни терористички напади во Франција, за кои одговорност презеде Исламската држава.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


9 × eight =

%d bloggers like this: