SDSM

СДСМ: Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се во очај зашто прочистениот избирачки список им ги исече крилјата за изборен фалсификат

SDSM

Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се во очај – нема да можат да фалсификуваат уште едни избори. Bез изборен инжинеринг, ги очекува пораз на 11 декември.

Секој политичар со макар трошка совест би се засрамил од фактите што излегоа на виделина при прочистувањето на избирачкиот список. Но осомничениот Груевски не е таков политичар. Затоа неговата политичка кариера заврши.

Бројките се фрапантни за сите што сакаат да живее во нормална држава. Вкупно 200.000 гласови и биле на располагање на власта за изборен инжинериг. Веќе нема да може да бидат злоупотребени.

 Од нив, за 170.000 е констатирано дека се надвор од земјата и се ставени на посебен список, а 30.000 воопшто не постојат.

Се потврдија проценките на СДСМ дека гласачкото тело во Македонија е еден и пол милион гласачи.

Готово е Груевски! Нема веќе изборни измами! Нема веќе крадење гласови!

Наместо да нарачува текстови на кај медиумските послушници и да ја манипулира јавноста со лажни бројки, Груевски може слободно да се посвети на својата одбрана пред судовите за криминалот за кој е осомничен.

Груевски ќе одговара за сите прекршувања на законите, вклучително и за изборниот криминал што е правен во изминатите години.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


8 × = seventy two