img_4213

(Фото+Видео ) МО СДСМ-Подгорци: Од учеството на Граѓанскиот марш 11 Октомври: Борбата продолжува, гласот победува !

img_4213

Почитувани !

Како  МО СДСМ – Подгорци , посебна чест и задоволство ни беше да бидеме дел од еден ваков настан, настан  кој ќе биде забележан во историјата на нашава држава, нашава Македонија.

Денес,тука нё имаше и : Македонци, и Албанци, и Турци, и Бошњаци, и Торбеши, и Власи, и Роми,и  Египќани и уште многу други националности, и стари и млади, заеднички  сплотени на едно место, и тоа на денот кога нашава татковина го прославува еден од своите најголеми празници, 11 Октомври,  Денот на народното востание.

11.Октомври, ден и датум кој го обележа почетокот и победата на Македонскиот народ над фашистичкиот окупатор, а денес овде повторно сме заедно  овој наш народ заеднички да го ослободиме од нашиот внатрешен окупатор, од оваа власт која го згази достоинството и гордоста на секој граѓанин на Македонија.

Борбата продолжува, и заеднички 11 декември ќе го прославиме и како ден од ослободување од оваа ненародна власт, ден кога конечно сонцето ќе ја осветли оваа наша заедничка земја, кога  ќе започне  враќањето достоинството и гордоста, ден кога конечно ќе кажеме стоп за понатамошното узурпирање на оваа наша земја, ден  кога заеднички ќе  кажеме стоп за иселувањето на младите, ден кога и економијата ќе започне да се враќа онака како што и треба да биде во стварноста,какои и кај секоја нормална држава, а не економија на виртулени светови на одредени луѓе кои развојот на економијата единствено го гледаат со полнењето на сопствените џебови.

img_4230

Нашата борба сеуште трае, Ве очекуваме да ни се придружите во ова заедничка борба до конечна победа, победа за сите нас и нашите идни поколенија.

Се приближува 11 декември, ден кога едноставно со чист разум ќе покажеме како и што сме одлучиле  и како ќе го продолжи патот после 11 декември, пат  кој ќе ја трасира иднината на сите нас,  на мене, тебе, моите, твоите и нашите пријатели, односно целата ни Македонија.

Да не дозволиме одредени квази медиуми, интернет портали и други средства за јавно информирање да ни ја одтргнат вистинската реалност  со која денес се соочуваме, и истата заменат со вирутелниот свет на празни ветувања и празни инвестиции каде  нашиот работник не се чувствува како работник, туку как роб во сопствена држава.

Ве очекуваме, да ни се придружите од сите наши околни села, без разлика на етничката и верска приопадност, ние од тука веќе со месеци ја започнавме оваа наша борба и очекуваме заеднички со вас да ја издвојуваме оваа голем победа за МАКЕДОНИЈА  и победа за нашата ИДНИНА!

Со Почит !

МО СДСМ-Подгорци

img_4219 img_4225 img_4229




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× four = 20

%d bloggers like this: