zaevferizbori

Фер и регуларни избори се единствената гаранција за добра иднина на Македонија

Изјава за медиуми,
Зоран Заев, претседател на СДСМ
Скопје, 20.11.2016 година

Добар ден на сите,

Единствена гаранција за добра иднина на нашата Република Македонија е регуларни, фер и демократски избори. Алтернатива на тоа не постои.

Ова потпишување на кодексот за добро однесување на политичките партии, е секако еден убав етички аспект, кој што денеска го испорачуваме како слика, како наш потпис на најодговорните политичари во државата, заради нашето однесување и однесувањето на нашите активисти и на нашите органи и тела по структура штапски позиционирани пред изборите.

Јас сум убеден дека изборите ќе бидат регуларни. Дали ќе бидат фер и демократски, ќе ја прашате власта, заради тоа што таа беше таа виновната, која што не овозможи на граѓаните во минатите години, Македонија да има фер, демократски и регуларни избори.

Сакам да испратам јасна порака, знаејќи дека за нашата Македонија не постои друга алтернатива освен комплетно чисти, кредибилни, регуларни, фер и демократски избори. Дека доколку се случи нешто што е спротивно на тоа, ќе сторам сѐ како политичар, целосно да се спроведе законот во Република Македонија и секој прекршител на законот, пред се Изборниот законик, но и Кривичниот законик кој што се обраќа на таа тема, да биде изнесен пред правдата и да понесе конкретна одговорност.

Им посакувам на граѓаните навистина слободно гласање, најслободно досега, заради тоа што од слободното гласање зависи патот по кој што ќе тргне нашата земја.

Одговори на новинарски прашања:

Медиуми: Претседателот на ВМРО ДПМНЕ се појави со каснење и не се поздрави со ниту еден од вас. Дали тоа навестува каква ќе биде атмосферата, изборната атмосфера?

Заев: Верувам дека не е нешто такво, кое што испраќа порака на наговестување за нешто што ќе се случи, туку тоа е стилот на однесувањето на Никола Груевски. Верувам, еве и денеска видов, дека така завршува неговиот мандат.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


4 − = two