(Видео) СДСМ и коалициониот партнер ПЕИ во посета на Подгорци

0

“Како и што ви ветив минатиот пат, дека за кратко време  повторно ќе дојдам во овие наши преубави краишта во Македонија, каде секогаш сме добредојдени од сите оние кои нё почитуваат како политичка партија, така пред се како и луѓе, би сакал да ја изразам мојата благодарност од она што денес ни го приредивте како домаќини, како на мене лично, и на моиве коалициони партнери, така и на нашите представници кои во текот на овие наредни денови ќе ги посетуваат овие наши населби, со кои ќе имате можност да поразговарате , и да им укажете на проблемите со кои се соочувате, и се разбира она што најмногу нё интересира сите нас, а тоа е излезот од политичката и економска криза со која за жал се соочува  нашава држава предизвикана од оваа ненародна и недемократска власт“.

Вака накратко изгледаше нашиот разговор со заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска која за краток период повторно реши да ни биде гостин овде меѓу нас Подгорчани и околните населби.

На денешната  средба Шекеринска беше придружувана од својот коалиционен партнер Партијата за Европска Иднина (ПЕИ), претставувана од претседателот Фијат Цаноски, кандидатите за пратеници во Македонскиот парламент Алија Камбероски и Јован Митрески.

Во продолжение Ви пренесуваме дел од забележаното видео преку кое Ви ги пренесуваме нивните излагања пред жителите на ова населба, и атмосферата од нивниот претстој во нашава населба.

 

 

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име