Како што рекле старите, а се знае  дека и така треба да биде, ’зима без снег не бидува’.  Вака денес изгледа населба Подгорци, после добредојдето на првиот снег, кој потврди дека зимата без снег не наликува на зима, и дека вака треба да изгледа.

Своето доаѓање таа уште пред неколку денови таа го најави со белата покривна на Подгоречката планина, а денес веќе ја покри и нашава населба.

Можеби, не ни падна многу за децата да започнат да прават влечала и снешко, сепак ни останува уште многу време од оваа наша овогодинешна зима, Господ знае веќе сме на почетокот.

Ниските температури веќе се најавија, чајџилниците веќе се полнат, некој надвор на тој студ правејќи му атер на цигарата, а некој низ муабет, кафе, макијато, чај и понешто друго заеднички споделуваме мислења за зимата која што ни предстојува.

Како и да е, се надеваме дека оваа зима неба да биде барем како поранешните, кога одредени институции затаија (ЕВН) , па може да се каже и оние нашите локалните, за да нё испадни дека зимата нё изненадила во декември…

Како и да е впечаток е дека годишните времиња си ја пополнуваат својата слика со она како што нив ги доликува и како што треба

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here