%d1%80%d0%b0%d0%b3%d1%85%d0%b0%d0%b4

(НЕДЕЛНА АНАЛИЗА) Прво интервју на ќерката на Садам Хусеин: Мојот татко беше борец, и знаше дека неговиот крај нема да биде лесен

Рагхад Садам Хусеин, нејзината сестра и нивните деца во декември 2006 година се собрале пред телевизорот , во нејзината куќа во Аман и плачеле додека ја гледале снимката на нивниот татко каде до местото каде што ќе биде обесен го спроведува маскиран човек.

Садам Хусеин кој владеел со Ирак од 1979 година до 2003 година кога од валст го урна и потоа го приведе коалицијата предводена од САД, одбил да носи црна покривка (капа) на главата и не пуштил солза кога му го ставија јажето околу вратот. Државната телевизија го прекина преносот од погубувањето на Хусеин во тој момент, меѓутоа само за неколку часа на интернет се појави видео на еден од приситните при погубувањето кој настанот го снимил со мобилен телефон, а која го прикажува моментот од неговата смрт.

“Тоа никогаш не сум го видела, и одбивам да говидам,“, изјавила за СНН најстарата ќерка на Сдам Хусеин Рагхад. Ова е прво интервју кои таа го дала по смрта на својот татко пред десет години.

На снимката се слушаат и навреди на сметка на соборениот лидер, осуден за воени злосторства заради убиства на 148 ирачки шиити во 1982 година. Тие извикуваа и се дереа “Moqtada! Moktada! Moqtada!”Мислејќи на милитантниот шиитски клерик Moqtadu al-Sadra. Садам Хусеин им одговорил “Дали така се однесуваат вистинските мажи“, пред да му го стават јажето околу вратот.

“Деталите од неговата смрт многу се тажни и грди – ама тоа беше чесна смрт“, изјавила Рагхад во разговор по телефон  од јорданската (Аман) престолнина каде во 2003 година побарала азил, после инвазијата на Ирак. “Не верувам дека би заминал во смрт на некој помалку (тивок) начин. Тоа беше смрт на која јас и моите деца, моите сестри и нивните деца, и сите оние кои го сакаат, сме горди“

Тогашниот претседател на САД Џорџ Буш, кој ја нареди инвазијата на Ирак, после смртта на Садам изјавил дека егзекуцијата не би била можна без одлучноста на ирачкиот народ да создадат влада занивана на владеењето на правото. Меѓутоа, верскиот подтекст кој можевме да го слушнеме на видеото кои ги прикажува последните минути на животот на Садам Хусеин, се чини дека доведе до ера на сектаријанско насилство кое трае веќе 10 години.

Рагјхад, која го обвинува САД за хаосот кој настана во нејзината земја, се надева дека новоизбраниот претседател Доналд Трамп ќе биде поинаков од неговите претходници.

“Човекот туку што дојде на местото лидер. Меѓутоа, она што е видливо е дека овој човек има високо ниво на политичка сензибилност, и дека е многу поинаков од оние кои му претходеа“, изјавила за СНН Рагхад.

“Тој ги разоткри грешките кои другите ги правеа, поготово кога станува збор за Ирак, што значи дека е многу сестран за направените грешки и што му се случило на мојот татко“.

Во текот на претседателската кампања Трам ја осуди војната во Ирак, која претходно – во текот и после инвазијата – јавно ја подржуваше. Тој на Садам Хусеин го нарече “ лошо момче“, ама ја пофали ефикасноста на поранешниот лидер на Ирак кога станува збор за убивање на терористи.

Рагхад вели дека не се занимава со политика и дека не подржува ниту една група ниту било која партија, меѓутоа актуелната ирачка власт ја обвини дека ја подржува БАС партијата на неговиот татко, која моментално е забранета, и побарала од Јордан да ја депортира во Ирак.

Исто така, неа ја обвинилде ка го подржува и ИСИС и дека го поздравила завземањето на Мосул, она што таа остро го демантира.

“Се разбира дека немам никакви односи со таа група, ниту било која друга екстремистичка група“, изјавила за СНН.

“Идеологијата на моето семејство нема никаква сличност со тие групи. Доказ за тоа е и тоа дека тие терористички групи станаа моќни во Ирак, откако ние ја напуштивме земјата и откако заврши нашето владеење“.

Рагхад смета дека ИСИС и слични други групации не би можеле да влезат во Ирак доколку нивниот татко би бил жив. Меѓутоа, за многумина егзекуцијата на Садам Хусеин беше крај на бруталната диктатура која траела 30 години.

“Луѓето (кои го сметаат за диктатор) имаат право да користат етикети кои тие ќе ги посакаат“, вели Рагхад.

За неа, тој бил херој, националист и симбол на милиони луѓе. “Беше борец и знаеше дека неговиот крај нема да биде лесен“.

Таа вели дека голем број на медиумски извештаи за нејзинот семејство е лага.

“Да понекогаш имаше и мали бриталности, и не можам да ги подржам,.Меѓутоа, Ирак е земја која е тешко да се води и тоа дури сега луѓето го сваќаат“, вели Рагхад.

Таа, нејзините сестри и нејзината мајка не биле, како што вели таа вплеткани во одлуките кои ги донесувале машките глави.

“На жените не им беше дозволено да се мешаат. Тие одговараа на прашања само кога некој нешто ќе ги прашаше, а никогаш и никој ништо не ги прашуваше“, вели Рагхад.

Во текот на двата најголеми масакри направени во времето на владеење на неговиот татко – Дужаил масакрот во 1982 и нападот со отровен гас во Халабџ во 1988. – Рагхад била тинејџерка, и ако што вели многу малку знаела за настаните во таа земја.

Меѓутоа во дваесеттите морала да одгледува пет деца и да присуствува на предавањата на факултет како би добила диплома за преведувач за Англиски.

“Бев многу студиозна, Најголемиот дел од времето го поминував учејчи“, вели Рагхад.

На само 15 години таа се омажила за Хусеин Камел, високо рангиран воен представник кој ја надгледувал изградбата на ирачките ракети, ирачкиот нуклеарен истражувачки програм, како и хемиско-биолошкото оружје. Нејзината сестра Рана, се омажила за братот на Камел, исто така службеник во војска. Тие заедно со своите сопруги во 1995 година побегнале во Аман (Јордан).

На помалку од пет години подоцна, Садам Хусеин ги убедил да се врата ветувајќи им амнестија, меѓутоа по доаѓањето во Ирак тој им наредил да се разведат од нивните ќерки и три дена подоцна биле убиени.

“Тоа беше многу тежок период за мене. Се најдов заглавена помеѓу две семејства, таткото и браќата од една страна, и мажот и децата од друга страна“, си присетува Рагхад.

Та вели дека нејзините деца не се лутат на семејството Хусеин заради убиството на нивниот татко.

“Знам дека на нормалните семејства им е тешко да разберат. Меѓутоа семејството на владетелите не се обични луѓе и понекогаш е тешко да се разбери комплексноста на нивните животи“м вели Рагхад.

Нејзината тиесетгодишна ќерка Харир Хусеин Камел, напишала необјавена книга која се занимава со комплексноста на семејните односи, открила таа.

После смртта на браќата на Камел, односите помеѓу Рагхад и нејзиниот татко, како што вели таа, го изгубиле “сјајот“, а инвазијата е таа која повторно ги зближила.

“До самиот крај, мојот татко беше задоволен, благодарен и горд на мене“, вели Рагхад, која својот татко последен пат го видела на семејното собирање на неколку денови пред инвазијата. Седеше одспротива и на семејството му порача да останат силни и да се подготват на тоа дека нивните домови ќе бидат бомбардирани.

Куќата на Рагхад е срушена, при првиот воздушен напад и веднаш за кратко време побегнала во Јордан каде била примена од кралското семејство на таа земја. Никогаш не се вратила дома, а на новата реалност многу бавно се адаприрала.

Таа, како што вели, во Јордан живее комотно, со децата и пријателите поминува доста време, ама и недостига дом. Би сакала да се врати во Ирак доколку тој дојде во фаза на умереност и оддалечи од опсесијата за омраза и одмазда.

Таа е полна со надеж за иднината. “Она што се случува е само привремено, состојбата на инвазијата и конфузија, ама тоа не е судбина на Ирак“, надополнувајќи “Војната не е бесконечна. Се разбира дека постои надеж“.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× three = 6

%d bloggers like this: