%d1%82%d1%80%d0%b0%d0%bc%d0%be%d0%b8%d0%b7%d1%80%d0%b0%d0%b5%d0%bb

(НЕДЕЛНА АНАЛИЗА) Како Трамп провоцира ХАОС помеѓу Израел и Палестина

Од многуте изјави на новоибзраниот претседател на САД, со помош на кои сака да ја смени надворешната политики на ова земја, најмногу вознемирува неговото ветување дека амбасадата на САД во Израел ќе ја премести во Ерусалим.

Некои други претседателски кандидати, слични како Бил Клинтон и Џорџ Буш го ветувале истото, меѓутоа кога ќе биле избрани за претседатели на САД, избегнувале да ги исполната своето ветувања.

За разлика од нив, Трамп нема да се откажи од ова идеја, пишува “Foregin Policy”.Упорноста на Трамп во оставањето на впечаток дека навистина има намера да ја премести амбасадата, представува дела од пошироко придвижување, кое неговата администрација сака да го направи кон израелската екстремна десница.

Кандидатот за амбасадор на Трамп, адвокатот Дејвид Фридман има долга историја на екстремни изјави во врска палестинко-израелските судири, и неговите погледи се во спротивност со меѓународното право и долготрајна политика која САД досега ја спроведувале спрема Палестина и Израел.

Фридман силно ги подржува агресивните активности на задржување на териториите и категорички се противи на солуцијата за две држави, иако како и мнозинството на таквите аговарачи, избегнува да каже кој вид на политичко решение би било поприкладно.

Како што пишува “Foregin Policy” тоа е најверојатно, бидејќи неговата визија во себе содржи нешто што крајно е неприфатливо во дипломатијата – непрекинатиот апартхејд систем заедно со “ самовладејачките“ палестински Бантустани во големиот Израел, кои контролираат најголем дел од окупираните територии на земјата без да преземе одговорност за нивната популација.

Сите изјави на Фридман изразуваат позиција на максимален еврејски национализам, без гарантирање на правата на Палестинците, како хуманите така и националните или пак меѓународните.

Самата помисла дека Фридман би можеч да биде амбасадор , представува доволно вознемирувачко, ама повеќе од тоа е вознемирувачката идеја преместувањето на американската амбасада во Ерусалим. Заради едногласниот интренационален консензус кој е во врска со посебен статус на Ерусалим, ниедна амбасада во Израел не е сместена во Ерусалим, и речиси сите се наоѓаат во Тел Авив.

Тоа правило секогаш важело за САД и останатите главни меѓународни сили, иако 24 држави еднаш имале амбасади и во близина на Ерусалим. Меѓутоа, откако Израел изврши анексија на ова окупирама територија, а Советот за безбедност на ОН истакна дека тоа е “ неприфатливо заземање на територија по пат на војна“, амбасадите на тие држави биле дислоцирани.

Прекршување формалниот меѓународен договор

Доколку САД ја преместат амбасадата од Тел Авив во Ерусалим, прво би го прекршиле формалниот меѓународен договор кој трае речиси 70 години. Не само тоа што Вашингтон би го напуштил, туку и целосно би го уништил меѓународниот консензус кој се одржувал со децении, како што со тоа би ја отфрлил и идејата дека територијата не може да се превземе по воен пат како што е назначени во повелбата на ОН.

САД исто така, би ја напуштиле и секоја друга надеж дека ќе останат вешти и чесни преговарачи помеѓу Израел и Палестина во иднина. Комбинирајќи го тоа со именувањето на Фридман, тие би испратиле силна порака до Плестинците дека Вашингтон повеќе не е заинтересиран за обезбедување на реалистичкото решение за две држави.

Палестински одговор на теренот тешко е да се предвиди . Ама, потенцијалот за експлозија на бес и насилства е огромен. Ерусалим е најчувствително прашање помеѓу Палестинците и Израелците после избувнувањето на другата интифада. Ерусалим заеднички ги собира религиските, национални, симболични и етнички чувствителности во една моќна и опасна комбинација.

Ако Палестинците заклучат дека нивната иднина во градот кој го сметаат за свој, нарушен заради американската политика, може да уследи насилен одговор, прво спонтан, а подоцна и организиран, кој најверојатно ќе доведи до востание.

За Израел, користа од американската амбасада во Ерусалим би била симболична. додека последиците би можеле да бидат драматични и значителни. Не само дека би морале да се носат со новиот бран на нови насилства, тоа остро би можело да ја наруши израелската регионална улога во дипломатските обиди за преговори со клучните арапски земји.

Постоење на алтернативни решенија

Естаблишментот на израелската национална безбдност многу добро ја разбира ова проблематика и јасно е дека ќе советува против драматичниот чекор на преместување на американската амбасада.

Можни се некои пола-пола мерки: зградата може да биде на местотот на идната американска амбасада, ама без ургентност и без стварно преместување на дипломатите.

Дриго решение коен се советува, е повторување на она што американските претседатели го правеле во минатото, а тоа е дека го напуштиле предизборното ветување за преместување на американската амбасада во Ерусалим бидејќи представува лош чекор за американската полтика, а тоа е и многу опсно за израелската национална ебзбедност, девастирачки за понатамошните напори за мир..

Трамп можеби е решен навистина да ја премести амбасадата во Израел, ама со оглед на тоа дека се покажа флексибилен во многу различни теми, кои ги застапувал во својата кампања, се претспоставува дека овде би можел да го смени своето мислење. Ама, тоа побарува, некој прво внимателно да го ин формира за што сё се ризикува, заклучува “Foregin Policy”.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


four + 4 =

%d bloggers like this: