И, оваа година како и претходната по трет пат како што гледате успешно ја реализиравме една од нашите активности, која веќе ни станува како традиција, а тоа е Училишниот Базар, кој со нетрпение секогаш на крајот од секоја година го очекуваат учениците на оваа наша школска установа.
Иако ова година се најдовме во период на одредени активности од делот на образовниот систем кои одредени инспекциски контроли кои се извршуваат и редовно се спроведуваат согласно законот за образование на одреден временски период, како и конституирањето на новите состави на советот на родители како и училишниот одбор, со избор и поставување на нови членови, кои како и секогаш ја продолжуваа соработката со оваа наша образовна институција, сепак успеавме да ја реализираме и оваа активност, се разбира, благодарение како на родителите, така на учениците и се разбира наставничкиот колегиум на ова наша образовна установа – ни изјави деректорот Фадил Исламоски.
Се разбира, со ова на некој начин ја зајакнуваме соработката со родителите на нашите ученици, и нивното учество како дел од ова наша институцвија кои преку изработката на познатите специјалитети на населба Подгорци, а се разбира и оние помодерните од делот на храната помагаат во обезбедување на финансиски средства кои како такви го помагаат образовниот процес, преку набавување на соодветни редства и помагала кои представуваат дел од секое училиште. Како што знаете со таквите средства наназад неколку години преку и со помош на овој базар, изработивме, бина, набавивме прожектор, и серазбира други средства кои ни се потребни за нормално функционирање.
Очекувам дека ваквата традиција во рамките на ова училиште ќе продолжи и понатаму и следната година. Се надевам дека ќе имаме можност со уште подобри активности да го збогатиме овој наш Базар и направиме една од посебните активности кои се изведуваат во училиштата во нашава општина, и по што можеби ќе бидеме издвоени.
На крај би сакал уште еднаш да им се заблагодарам на сите оние кои допринесоа во организацијата на овогодинешниов Училишен Базар, тргнувајќи од родителите, учениците и се разбира наставничкиот кадар, ни надополни г-динот Исламоски.