%d0%b0%d1%80%d0%b0%d0%bf

Точка на раздор помеѓу Арапите и Евреите: Статусот на Ерусалим може да предизвика големо насилство

После усвојувањето на резолуцијата на ОН во која се осудува изградбата на израелските населби на окупираната територија, како и реакцијата на Израел и тврдењата дека ќе бидат изградени уште неколку илјади куќи во источен Ерусалим во комбинација со планот на новиот претседател на САД Доналд Трамп,американската амбасада од Тел Авив да ја пренесе во Ерусалим би можело да биде чкрапало за нов бран на насилства, пишува Гардијан.

Иако државниот секретар Џон Кери во говорот кој го одржал во Стејт департментот ја нагласил подршката за актуелниот американски претседател Барак Обама за решинието за постоење на две држави, односно договор помеѓу Израелците и Палестинците, израелскиот пемиер Бенјамин Нетанјаху нагласил дека ќе пружи отпор на мировната рамка која како што тврди и` е наметната на неговата влада.

Администрацијата на актуеланиот претседател и неговите сојузници во стварност се обидуваат на самиот крај од мандатот на Обама  да заштитат она што преостанало од мировниот процес пред Трамп во јануари официјално да стапи на функција, пишува Гардијан. Се очекува планот кој Кери го изнел во говорот да наиде на подршка на состанокот на шефовите на дипломатии на 15.јануари во Париз, на само пет дена пред инаугурацијата на Трамп. Како што се наведува, целта на состанокот е зајакнување на стратегијата за изолација на Нетанјаху во надеж дека тоа ќе го натера да ги обнови преговорите со Палестинците. Меѓутоа, Нетанјаху изјавил дека неговата влада нема да има представник на тој собир.

Израелската влада наводно стравува дека насоките за кои ќе се постигне договор во Париз би можеле да се претворат во уште една резлоуција на ОН пред Трамп и официјално ќе влезе во Белата Куќа. Портпаролот на Нетанјаху изјавил дека постојат “ сигурни докази“ дека администрацијата на Обама ковала план за промена на резолуцијата на ОН. Израел соопштиле дека докаџите против админстрацијата на Обама ќе му бидат представени на тимот на Трамп.

Египетските медиуми во вторникот, објавиле документ за кој се тврди дека представува транскрипт од состанокот на кој Кеи и советничката за национална безбедност Сусан Рајс дискутирале за резолуцијата на ОН и предлозите на САД на палестинските представници кои се сложиле да му прижат директна подршка на мировниот предлог на Кери. Меѓутоа, портпаролот на Стејт Департментот Џон Кирби тврди дека таков состанок никогаш не бил одржан. Во меѓувреме, израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман изјавил дека конференцијата во Париз представува “ Драјфусово судење“, алудирајќи на ширењето на антисемитизмот во Франција пред повеќе од еден век, и апелирал на француските Евреи да се преселат во Израел.

Француски представник во вторникот негирал дека постои план да се усвои резолуција од страна на Советот за безбедност на ОН на основа конференцијата во Париз. Портпаролот на Министерството за надворешни работи изјавил дека состанокот на “ учениците ќе им пружи можност да го представат сеопфатниот пакет за подтикнување на обновување на преговорите помеѓу Израелците и Палестинците. Само тие ќе можат директно да го заклучат мировниот договор“, изјавил неименуван функционер. Палестинскиот лидер Махмуд Абас изјавил дека се надева на конференцијата во Париз ќе се воспостави меѓународен механизам за завршување на изградбата на дивите-илегални населби на територијата на окупирана Палестина.

Трамп ја критикувал резолуцијата на ОН, која беше усвоена во петокот. Тој изјавил дека таа ќе ги отежне преговорите за мировниот договор. Новиот претседател на САД на Твитер профилот во понеделникот напишал дека ОН представуваат само “ клуб во кој се собираат луѓе како би разговарала и би се забавувале“. Амбасадорот на Трамп во Израел Дејвид Фридман, инаку негов адвокат, активно ја подржува изградбата на илегалните населби.

Аарон Дејвид Милер, поранешен преговарач на САД на Блискиот исток, кој сега е експерт во експертската група Вилсон центер, изјавил дека напорите на Обама во последниот момент во врска израелско-палестинското прашање може да биде чкрапало за жестока реакција. “На тој начин се ризикува да идната администрација да се дистанцира од сё што ке се случува до крајот на декември и почетокот на јануари, и тоа не само да се дистанцира, туку на Израел да му испрати и очигледни знаци дека подржи и фаворизира активности на лице место кои го надминуваат она што го гледаме“, изјавил Милер и нагласил дека “шансите сега се многу големи дека Нетанјаху ќе изврши притисок, а да Трамп позитивно одговори на иницијативата амбасадата на САД од Тел Авив да се премести во Ерусалим. Милер истакнал дека ако исклучителното прашање за статусот на Ерусалим повторно стане точка на раздор помеѓу Израелците и Палестинците, тогаш според неговото мислење, исклучително многу се големи шансите за сериозен значителен нов судир“.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


5 × = five

%d bloggers like this: