sefik2

Отворено писмо на др.проф Шефик Курдиќ по повод забраната за влегување во Македонија

Угледниот професор др.Шефик Курдиќ доживеал непријатно искуство на македонскиот граничен премин каде му е забранет влез во ова земја. Продесорот Курдиќ заради овој настан упатил отворено писмо до Владата и Министерството за внатрешни работи на Република Македонија кое го пренесуваме во целост.

“Во четвртoкoт, 29.декември 2016 година на влезот во Македонија од правец на Србија бевме задржани цели три часа, без и било какво образложение. После три часа чекање на студениот и ветровит ден, од страна на граничната полиција бевме известени дека влезот во Македонија ни е забранет.

 Баравме образложение заради ваквата одлука, на што граничниот полицаец ни изјави дека таквата одлука дошла од извесен инспектор од Министерството за внатрешни работи од Скопје.

На наше повторно барање да ни се достави писмен документ на кој ќе ги пишуваат причините за забрана на нашето влегување во Република Македонија, поссле извесно време, граничниот полицаец ни доденес некаква хартија каде на англиски и на македонски ( а очигледно е дека стануваше збор за циркуларно писмо кое им се врачува на сите непожелни особи кои влегуваат во Македонија – ама, исклучиво на муслиманите) пишуваше дека влезот во Македонија ние забранет заради сомневање да нё направиме терористички акт и сомневање да нё растураме и да нё тргуваме со дроги!

sefik

Дури ни побараа и да се потпишеме на таа хартија, на што одбивме, бидејќи тоа е неспоиво со нашиот исламски кодекс на однесување и нашите долгогодишни напори да неутрализираме било кој вид на екстремизам и радикализам, ама и секој вид на аномалија и деликвенција,

Сум посетил голем број на континенти и сосема слободно без сомневање сум влегувал во десеттина и десеттина земји во светот, меѓутоа ова што го доживеав на границата за Македонија не можев ниту да сонувам.

Повеќе пати сум предстојувал во Србија, Црна Гора, Албанија и Косово и никогаш не сум доживеал ваков излив на исламофобија како што ја нпочпувствував во Македонија. Никогаш ниту во една од овие земји не сум доживеал никаква непријатност, бидејќи и не ја заслужувам, па можам слободно да констатирам дека Србија, Црна Гора, Албанија и Косово за светлосни години  во демократијата, меѓунационалната и меѓурелигиската флексибилност се пред Република Македонија.

Сакам да верувам дека овој немил настан кои заеднјо со мојот сопатник го доживеавме на македонската граница представува само незрела постапка на вашиот фашисоиден исламомрзец, кој не можел да го совлада својот национален набој и омраза спрема исламот и муслиманите, па заради тоа очекувам од македонската влада, а посебно од Министерството за внатрешни работи, да дотичниот инспектор, да го повика на одговорност заради сеење на национална и верска омраза и да го отповика од таа позиција.

Ова забрана за наше влегување во Република Македонија не ни го намали угледот, туку напротив кај бројните луѓе во Македонија, кои веќе слушнале за испадот на овој ваш инспектор, уште повеќе ги зголеми симпатиите спрема нас, ама затоа ги засили неверувањето спрема Владата, а посебно Министерството за внатрешни работи.

Посебно заради тоа што сите знаат дека во своите контакти и обраќања им сугерирам на сите верници да ги почитуваат државите во кои живеат и да ги респектираат законите на тие држави. Дио сега два пати сум ја посетил Македонија и тоа секогаш сум го потенцирал меѓу луѓето кои сум ги сретнал.

Освен тоа, секогаш сум ги најавувал своите посети, трибини и предавања и конкретно споменувал градовите во кои ќе имаме активности, места на одржување и часот на средбата, со што државните разузнувачки служби би знаеле каде точно таа ќе се одржи, со што ја покажуваме нашата решителност да делуваме исклучиво легално и дека ништо не криеме во нашите трибини и предавања.

Зради сето тоа, очекуваме од Владата на Република Македонија, а посебно од Министерството за внатрешни работи да се оградат од ваквата постапка на неименуваниотн инспектор на Министерството за внатрешни работи, а доколку тоа не го направат, оваа националистичка и исламомрзечка постапка ќе ја сметаме за официјален став на Владата на Република Македонија и нејзиното Министерство за внатрешни работи.

Во тој случај, Република Македонија нема да ја сметаме за ТАКА НАРЕЧЕНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, како што ја нарекуваат Грците, туку ќе ја дефинираме со нејзиното вистинско и суштинско име: ИСЛАМОМРЗИОМАНИЈА, заради нејзината омраза спрема исламот и муслиманите !

А нашето демократско право за слободно движење и размена на мислењето не може никој да го забрани. Можете физички да ги забранете нашето влегување, ама нашето влегување во срцата на добрите и племенити луѓе во Македонија не може да го забрани ниту една Влада ниту било кое Министерство

Доколку не реагирате на време на овие испади на фашизоидните иснпектори, ќе сметаме дека на крај и Владата и Министерството за внатрешни работи на Република Македонија имаат ис став, па од тука ќе го замолиме Господарот и вас и нас – Сёмоќниот и Апсолутно Праведниот Аллах, да реагира и да Ви пресуди според Неговата правда.

Кога еден владетел го искина писмото кое му го испрати Аллаховиот пратеник, Мухаммед а.с, тој го замоли Апсолутниот Владетел на вселената и сите луѓе, да го искине и уништи неговото царство, па царството му се уништи и исчезна!

Доколку ги кинете срцата на луѓето во Македонија, со тоа што насилно ќе ја забранете комуникацијата со луѓето кои тие ги сакаат и симпатизираат, ќе го замолиме Аллах Сёмоќниот со Својата апсолутна моќ и сила да ги искине негативните сили на злото и мрзителите на Неговите робови!

Ние сме немоќни, а Тој е моќен. Ние, од нашата немоќ, не можеме ни вашата граница да ја поминеме! Ама, Тој ја преминува секија граница и со Својот земјотрес, Своите поплави и други природни непогоди ја замрзнува крвта во вените на насилниците и исламомрзците!

Да сте ми здрави и живи, па наскоро да се видиме! ИшаАллах!

Демократска земја БиХ, 30.12.2016

Извор:saff

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


four × 3 =