20170101_2_21054404_17583255_web-copy

(Обновено) Билансот на загинати во терористичкиот напад во клуб во Истанбул се искачи на 39 лица

Во оружен напад загинаа најмалку 39 лица, а беа повредени 69, во еден ноќен клуб во Истанбул, истакна министерот за внатрешни работи Сојлу, јавува Anadolu Agency (AA).

Сулејман Сојлу за новинарите изјави дека 21 лице од загинатите се идентификувани.

„Шеснаесетмина од загинатите се странци, додека останатите пет се турски државјани“, истакна министерот, додавајќи дека напорите за идентификување на останатите 18 тела продолжуваат.

„Нашите безбедносни сили започнаа операција. Се надеваме дека напаѓачот ќе биде фатен за многу кратко време“, истакна тој.

Министерот за внатрешни работи исто така напомена дека 69 лица се хоспитализирани.

„Четворица од повредените се во критична состојба. Еден од нив е многу тешко повреден“, рече Сојлу.

Претходно, гувернерот Васип Шахин го опиша нападот во Ортакој, Бешикташ, како суров и како терористички акт.

„Во 1:15 часот, терорист со огнено оружје застрела полицаец кој стоел надвор, а потоа и цивил со цел да влезево (клубот)“, рече тој.

„Тој потоа го извршил овој насилен и суров чин пукајќи врз невини луѓе кои прославувале Нова година“, рече Шахин.

„Истрагата е во тек и канцеларијата на гувернерот ќе обезбеди дополнителни информации околу нападот“, додаде тој.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган изрази длабоко жалење поради нападот, според владини извори, претседателот добил извештај за нападот од премиерот Бинали Јилдирим и гувернерот Шахин во однос на бројот на загинатите, како и други детали за терористичкиот акт.

Нападот се случи три недели по двојниот напад во Истанбул во којшто загинаа најмалку 45 лица, од кои повеќето беа полициски службеници.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


8 − = six