1

ЛАБУРИА: Коктел по повод завршените активности во изминатата 2016 година

По повод крајот на работната година, како и секоја претходна, организираме средба со граѓаните на населба Лабуништа каде ги презентираме сите досегашни активности кои сме ги реализирале во текот на изминатата 2016 година , што на некој начин представува еден вид на отчет, односно анализа на сё што сме реализирале како дел од планираните активности за изминатата 2016 – ни изјави Авдираман Шерифоски представник на Здружението Лабуриа.

Исто така на почетокот на секоја нова година,заедно со другите активисти на ова здружение, заеднички изработуваме план програма  преку која како и секогаш се обидуваме да им помогнеме на оние семејства на кои им е потребна материјална и друг вид на помош за тековната-предстојна година.

Досега не сме имале никаков проблем при одвивањето на нашите активности, знаете дека извесен период наназад имама соодветна просторија каде ја складираме помошта (хуманитарен магацина) која ни се допремува, а која подоцна треба да биде доставена до семејствата на која таа им е неопходна.

Месечно снабдуваме околу 80 фамилии од Лабуништа, Подгорци, Октиси и други населени места со различен вид на храна и друг вид на материјална помош ( обезбедување на дрва, плаќање на здравствени услуги-операции и др..)

Во ова пригода, би сакал да им се заблагодарам на сите оние приватни компании кои континуирано преку своите донации учествуваат во хуманитарните активности на ова наше здружение, се разбира тука се и нашите граѓани кои исто така преку своите донации и тие сакаат да допринесат во помагањето на семејствата на кои вистински им е потребна помош, бидејќи сите тие кои помагаат представуваат, едноставно представуваат дека од нашево Здружение Лабуриа, – изјави Авдираман.

Она што во изминатата година како нов проект го внесовме-реализиравме, беше поставувањето на хуманитарни каси каде граѓаните кои сакаат можат да донираат парични средства во зависност од нивните можности.

Потенцирајќи дека до денес поставени се 55 вакви хуманитарни каси.

Во продолжение , тој пред присутните презентираше видео материјал (презентација) од активностите во изминатата година, како и дел од она што се планира да се реализира во 2017, притоа не заборавајќи уште еднаш да напомене дека апелира до сите оние граѓани на кои навистина им е потребна помош, без и било какво двоумење да се обратат кај нив, како би можеле да бидат евидентирани и на кои им била доставена помош, притоа надополнувајќи дека помошта која им се доставува на лицата се одвива на дискретен начин.

На крајот од средбата, им се заблагодари на присутните што издвоија  време, да бидат дел од оваа средба и запознаат од реализираните и планираните активности на ова здружение во изминатата и годината која предстои и повика сите приватни компании, и граѓани кои сакаат да донираат било каква помош, да бидат дел од хуманитарните активностин и во оваа 2017 година.

 

1 img_6165-copy img_6167-copy img_6173-copy img_6174-copy img_6175-copy img_6177-copy img_6180-copy img_6181-copy img_6182-copy img_6184-copy img_6185-copy img_6186-copy img_6188-copy img_6190-copy

Dubai-portal.com.mk




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


eight − 2 =

%d bloggers like this: