img_6203-copy

(Фото) ПОДГОРЦИ: Започнаа активностите околу расчистување на паднатиот снег.

Официјално веќе од вчера веќе нашава населба, како и останатите од нашиве краишта веќе го почувствуваа зимскиот амбиент, односно го имаме првиот снег.

Старите рекле: “Зима си е зима, ама без снег не личи на зима“, и навистина така е.

Е, сега каква ќе ни биде зимата, дали тешка или лесна, зависи од сите нас, односно како ќе си се организаираме околку расчистувањето на сопствениот двор и она што останало од снегот кога се расчистувал патот- патиштата низ нашава населба.

Според информациите кои се доставено до редакцијата на Дубаи Портал, моментално расчистувањето се врши со Багер во сопственост МЕЧО ТРАНС- Октиси, кој представува еден вид помагател, подизведувач на  приватната фирма ЕРР-КОП  од Лабуништа, која воедно како и изминатата година го добила Општинскиот тендер за расчистување на локалните патишта во населбата и надвор од населбите во зимскиот период.

Представник на МЕЧО ТРАНС ни изјави дека засега нема никаков проблем околу текот на расчистување на локалните патишта, сё се одвика според предвиденото, меѓутоа апелираат до граѓаните да имаат малку повеќе трпение (сабур) во текот на одвивањето на активностите, и се разбира доколку се во можност да не ги користат патиштата каде што се врши расчистување на паднатиот снег, а исто така доколку се во можност да не ги оставаат (паркираат)своите автомобили покрај патиштата со што би се попречувала нашата активност.

Што се однесува за населбата Подгорци, со свои информации до нашава редакција се обратија и предствници на Месната Самоуправа – Подгорци, кои најавија дека своите активности околу обезбедување на нормално комуницирање-движење на граѓаните низ населбата ќе го сведат на засипување со сол и песок.

Со засипување на песок започнавме веднаш откако делови на нашава нселба беа расчистени од поголемата количина на снег, веднаш после тоа вработени од Месната Самоуправа започнаа со засипување со сол на патиштата низ населбава со што заради ниските температури кои ни предстојат не би дошло до формирање на мраз (поледица).

Во текот на утрешниот ден се очекува да започнеме и со засипување со песок на најкритичните места, притоа користејќи дел, опремата (сејалка) со која располага и која е во соптвеност на Месната Самоуправа. За оваа година располагаме со соодвента количина на песок, и истата ќе се употребува во зависнот од потребата, односно времето кое ќе ни надојде.

Покрај тоа би сакале да апелираме до жителите на населба Подгорци, посебно оние кои се во можност, своите автомобили да ги одстранат од најблиските делови на патиштата, како би се извршило непречено расчистување на патиштата, и се разбира да не дојде до несакани последици од нивно оштетување.

Се разбира исто така апелираме и до жителите на ови населби и покрај сите превземени активности да внимаваат при користење (движење) по локалните патишта, од веројатна појава на мраз која вообичаено најмногу настанува во попладнавните часови. – стои во краткото известување на Мсеаната Самоуправа Подгорци.

img_6203-copy img_6204-copy img_6205-copy img_6207-copy img_6208-copy

s1 s2 s3 s4 s5 s6 s7 s8 s9 s10 s11

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− 5 = two

%d bloggers like this: