%d0%b5%d1%83

БАЛКАНОТ НА ЧЕКАЊЕ: Крај на проширувањето на Европската Унија каков што го познававме

За прв пат во најновата историја на Европската Унија (ЕУ) ова година заврши без донесување на заклучок на Европскиот совет за проширување, односно за европската перспектива на земјите кандидатки и потенцијални кандидатки за членство.

Zemlje članice EU-a (plava), zemlje kandidatkinje (tirkizno plava) i potencijalne kandidatkinje (žuta)

Фото: Земји членки на ЕУ (сина боја), земји кандидатки (тиркизно сина) и потенцијални кандидатки (жолта).

Шефовите на државите и влади како и министрите за надворешни работи во текот на декември одржале одвоени состаноци.Традиционално, секој декември лидерите на земјите членки го разгледуваат напредокот на земјите кандидатки и потенцијалните кандидатки.

После тоа донесуваат и заклучок кој воглавном се совпаѓа со заклучоците на Европската комисија, изнесени претходно во извештајот за напредок.

Ограничено напредување

2016 година според отценките на добро упатениот бриселски портал ќе остане EUinside, ќе остане како “ крај на процесот за проширување како што досега сме го нарекувале и познавале“. Како причина се наведува последниот развој на анстаните, посебно влошувањето на односите помеѓу Брисел и Анкара, со отценка дека ЕУ ја изгубила својата трансформациска моќ, односно сё повеќе се испоставува дека ЕУ повеќе не може да ја одигрува улогата во транзицијата на земјите кандидатки и потенцијалните кандидатки спрема демократијата и пазарната економија.

Меѓутоа, тоа не е ништо ново и трае веќе со години. После големото последно проширување во 2007 година, кога на ЕУ и` се придружија неподготвени Романија и Бугарија , процесот на проширување практично застана. Како што проценува EUinside, Хрватска во 2013 последна се “провлекла“, а веќе тогаш температурата на процесот на проширување била околу нула.

Што се однесува до Турција, отварањето на преговарачкото поглавје е замрзнато заради несогласувањата околу Кипар, ама и заради несложувањата во внатрешноста на ЕУ, за тоа дали ова земја има иднина во католичка Европа, отворено наведува EUinside. Македонија исто така десет години е на мраз заради ветото на Грција, ама и проблемите со Бугарија.

Додека Европската комисија ја водел Поругалецот Хозе Мануел Баросо, а комесар за проширување беше Чехот Штефан Филе, успехот бил симболичен. Сите извештаи за напредокот биле идентични, а најчеста фраза била “ ограничено напредување“ што бил синоним за “ нема напредок“, посебно во најважните подрачја – јавната управа, правосудството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, прашањето за малцинствата и човековите права.

Иако Филе се обидувал да уфрли “свеќа крв“ во процесот на проширување, Европската комисија не била подготвена за радикални чекори а на земјите членки тоа не им било на “агендата“, бидејќи главните прашања за тој дневен ред била должничката, потоа бегалската/мигрантска криза, а денес неколку геополитички кризи.

IНаследникот на Баросо, Луксембержанецот Жан Клод-Јункер јасно изјавил де во неговиот мандат, од 2014 до 2019 година, нема да има ново проширување. Портфелието на “ комесарот за проширување“ трансформиран е во портфељ на комесар кој е “задолжен и за прашање на преговорите за проширување“.

Комесарот Јоханес Хан во последните извешти за напредокот користел многу остар јазик, а проблемот го нарекува со вистинско име, иако дури половината од вистинската слика е замаглена, пишува EUinside.

Заробени земји

Новина во извешатите е дека сите земји на Западниот Балкан опишани се како “заробени земји“ при што се подразбира дека “компаниите, институциите и влијателните поединци користат нелегална пракса со што би го прошириле влијанието и обликувале политика за своја сопствена корист“.Друга новина е и тоа дека јасно е кажано дека “ декларираната воља за борба против корупцијата е без конкретни резулати“.

“Притисокот на судството и обвинителството“ представува заедничка карактеристика на земјите од регионот. И онака слабада слобода на медиумите во некои земји отценета е уште како полоша. Улогата на парламентот е миноризирана, а се почести се и бојкотирањата на нивните седници, наведува Европската комисија.

Што се однесува на традиционалната заеничка зијава за проширување, EUinside наведува дека главна причина за замрзнување на процесот на проширување е ставот околу Турција. На советот за општи работи, додека се подготвувале заклучоците, Австрија го блокирала нивното усвојување бидејќи инсистирала на тоа преговорите со Анкара да бидат замрзнати.

Единствено словачкиот министер за надворешни работи ( и поранешен висок представник во БиХ) Мирослав Лајчак, чија земја претседава со Советот за министри на ЕУ во втората половина на 2016 година, изразил разочараност. И тој во таа прилика нагласил дека “ процесот на проширување не е подарување на земјите членки на кандидати, туку стварен, тежок и кредибилен труд на добробит од двете страни“.

Заменичката на бугарскиот премиер Меглена Кунева една е од ретките која после тој состанок застанала пред новинарите, а во таа прилика изјавила дека тоа била “најдраматична седница на Советот на кој досега присуствувала“.

Босна и Херцеговина

Што се однесува на Босна и Херцеговина, таа барањето за членство во ЕУ го предаде во фебруари, а Европскиот совет веќе го одобри покренувањето на техничкиот дел кој се однесува на припремата на мислењето за тоа барање.

Ситуацијата во земјата според отценките на Европската комисија е “екстремно деликантна“ посебно после неуставниот референдум во РС. ЕУ го забележува и ензадоволството во Федерацијата БиХ после донесувањето на законот за јавна служба за која се отценува дека го зголемува ризикот од политизација на службите. Како уште еден проблем која Европската комисија го подвлекува е политичкото мотивирано заканување на правосудниот систем од поедини политичари.

Србија

Србија ги има истите проблеми како и Црна Гора. За ова земја се наведува дека има важно геостратешко значење, а EUinside ја споредува со Dr. Jekyll and Mr. Hyde, бидејќи еден час “оди“ со ЕУ под една рака, а еден час со Русија под друга рака.

Корупцијата и задушувањето на слободата на медиумите безначајни се во однос на проблемите кои ги има со Хрватска како членка на ЕУ, а која го блокира отварањето на поглавјето за преговори. Дополнителни забалешки околу Србија имаат и Бугарите.

Словачкото претседништво со ЕУ на крајот издало и соопштение во кое од Србија се бара да не ги дескриминира малцинствата, посебно во сферата на образованието, малцинските јазици, пристап на медиумите и да ги почитува нивните религиски права. Србија е предупредена и дека мора да соработува со Хашкиот Трибунал.

Црна Гора

EUinsider наведува дека Црна Гора е најмалку проблематична земја, иако минатата година се соочи со геополитички предизвици. Како главен проблем наведена е корупцијата и непримената на Кривичниот закон. Како друг клучен проблем е наведена и неслободата на медиумите , физички и други напади на новинарите и нивното непроцесирање.

Македонија

За Македонија се наведува дека се наоѓа во најголема политичка криза после судирите на Македонците и Албанците во 2001 година. Меѓуетничката ситуација е кревка, во земјата недостога политичка култура и подготвеност за постигнување на компромис, никакви чекори не се направени спрема воспоставување на пазарна економија, потврдила Европската комисија. Истовремено, во внатрешноста на ЕУ имаме блокада (вето) од страна на Грција заради спорот околу името, ама и бројни забелешки од страна на Бугарија.

Косово

Проблемемите на Косово се исти како и на другите места во регионот – политичкото мешање во правосудството, , институциите и агенциите, политичката поларизација, проширена корупција и пропаст на парламентаризмот.

Албанија

Со процесот на проширување најмногу се разочарани во Албанија која чека на почетокот  на преговорите и отварање на преговарачко поглавје. Главни забелешки на Европската комисија се однесуваат на борбата против организираниот криминал и неспроведување на финансиските истраги на организираните криминални групи. Посебен проблем се илјадниците лажни азиланти кои доаѓаат во ЕУ од ова земја.

За сите земји кандидатки и потенцијални кандидати заеднички е и падот на наталитетот, заминувањето на младите луѓе, ниските издвојувања за школството, раното напуштање на образовниот систем, а меѓу проблемите се истакнува и падот на еуфоријата меѓу населението и политичарите во тие земји околу придружувањето на ЕУ.

Она што, спиред отценките на аналитичарите на EUinsider, ЕУ треба да го смени е наративот и пристапот кон споменатите земји и покренување на нов процес на трансформирање, ама пред сё ЕУ мора прво самата да започне да се трансформира.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× 9 = fifty four

%d bloggers like this: