20170116_2_21319714_18011953_Web (Copy)

Египетскиот претседател Абдел-Фатах-ал Сиси, го излажа Саудискиот Крал

Високиот управен суд во Египет донесе пресуда против владината одлука на таа земја да отстапи два стратешки значајни острова во Црвеното Море на Саудиска Арабија, пренесува Anadolu Agency (AA).

Египетскиот суд со денешната пресуда ја одби жалбата на египетската Влада во врска со одлуката од понискиот суд да се поништи договорот за приморските граници меѓу Египет и Саудиска Арабија, со кој Каиро му отстапи на Ријад два острова во Црвеното Море, а е потпишан во април минатата година.

Високиот управен суд на Египет донесе одлука дека островите Санафир и Тиран се египетска територија, што е спротивно на тврдењата на владата во Каиро. 20170116_2_21319714_18011962_Web (Copy)

Египетската Влада во април минатата година донесе одлука за отстапување на два стратешки значајни острови во Црвеното Море на Саудиска Арабија, што предизвика реакција на опозицијата и на корисниците на социјалните мрежи во Египет. Египетскиот Управен суд во јуни ја поништи одлуката, по што Владата во Каиро поднесе жалба на судската одлука.

Владата објави дека техничките истражувања на приморските граници со Саудиска Арабија покажале дека островите Тиран и Санафир се наоѓаат во саудиските територијални води.

Официјално Каиро ја објасни одлуката за отстапување со тврдењето дека египетските вооружени сили ги штителе островите на барање што во 1950. им го упати тогашниот саудиски крал Абдул-Азиз.

Противниците на предавањето на островите тврдат дека според договорот меѓу Велика Британија и Османлиското Царство од 1906. година, островите се наоѓаат во египетските територијални води.

Договорот којшто е објавен во текот на посетата на Египет од страна на саудискиот крал Салман предизвика гнев во јавноста и обвиненувања на сметка на египетскиот претседател Абдел-Фатах-ал Сиси, дека ги продава островите на Саудиска Арабија, земјата богата со нафта.

20170116_2_21319714_18011960_Web (Copy)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


four − = 3

%d bloggers like this: