rohindza1

ГЕНОЦИД НАД МУСЛИМАНИТЕ: Ова е првиот геноцид во 21.век, Рохинџа муслиманите пред исчезнување

rohindza

После последниот бран на насилства на безбедносните сили на Мјанмар, прогоните и убиствата на Рохинџа муслиманите, ги допреа рабовите на дефиницијата за геноцид.

Во текот на последниѕе неколку месеци на 2016 година, сведовштвата за невидените напади и страдања кои Рохинџа муслиманите ги трпат од страна на државата во изолираниот западен дел на земјата, сё се побројни, а домот на ова мјанмарско муслиманска популација, демографски се сменил речиси до непрепознатливост.

Крвопролевањето кое се одвива далеку е од изолиран случај, како што некои сакале да ја прикажат претераната реакција на убиството на девет-те граничари во нападот на неидентификуваните вооружени напаѓачи кој се извршил на 9.октомври, а кој бил повод за силен контранапад.

На моменталнаѕа кампања во стварност и претходат децении на систематски дискриминации, прогони и нечовечки постапувања, кои служеле како би се оправдале повеќето бранови на насилства и кои сега беспомошните Рохинџа муслимани ги доведуваат до близина на “ истребување“.

Откако безбедносните сили покренал акција после инцидентот во октомври, започнале да се појавуваат и извештаи за дискриминација и распространето кршење на човековите права.

Организацијата “Human rights watch” (HRW) отценила дека војската и` воведила полициски час на локалната популација и забранила пристап на новинарите, пред започнувањето на кампањата која опфаќа егзекуција без претходно судење, мачење, силување и неоправдани апсења.

Сателистките снимни со висока резолуција до кои дошел претставници на “Human rights watch” (HRW), укажуваат дека се уништени околу 1.250 згради, вклучувајќи и неколку џамии во пет села кои претрпели најголеми напади.

Заедно со тоа, терминалните снимки укажуваат на пожари во овие погодени подрачја, за кои подоцна од страна на владата обвинети се неименувани терористи. Лидерите на Мјанмар насилствата ги окарактеризирале како проблем од комунална природа и константно одбиваат да признаат дека станува збор за повреди на човечките права.

Amnesty International (AI) ги обвини властите на Мјанмар дека спроведуваат мерки на колективно казнување. Ова група која се залага за заштита на човековите права од прва рака дознала за случаите на пукање од хеликоптер од стрна на безбедносните врз тамошните цивили, палење на илјадници куќи, спроведување на произволни апсења, силување на жени и девојки.

Amnesty International (AI) одговорот на безбедносните сили на инцидентот во окомври го окарактеризирал како неразјаснет, обвинувајќи ја војската за напади на цели семејства и населби во местото Рахину и сето тоа на основа нивната етничка и религиска припадност.

И покрај тепкотиите во собирањето на информации, бидејќи новинарите и меѓународните посматрачи не можат да влеза во тоа подрачје, спрема податоците на ОН околу 30.000 Рохинџа муслимани ги напуштиле домовите, иладници с еубиени, околу 500.000 присилно се раселени во претходните бранови на насилства.

Разгледувајќи повеќе извештаи за злосторствата во кои е утврден идентитетот на жртвите, станува јасно дека настаните во Рахину прераснуваат во геноцит.

Според конвенцијата на ОН за спречување и казнување на геноцид, усвоена во 1948 година, геноцидот се дефинира како специфична акција ( на пример убиства или намерно создавање на неподносливи услови за живот на одредена популација) усмерена на уништување на националната, расна или верска група, делумно или во целост. Дефиницијата на ОН остава значае простор за интерпретација во пракса – одредување на момент или број на мсрт после кои некоја акција станува геноцид. Сепак, изгледа дека работите во Рахину тргнуваат токму во таа насока.


Фото
: (AP)

Како дојде до таа остојба да земја која начелно ја прифаќа демократијата и која ја води “икона“ активист за човекови права Ang San Su Ki,пред меѓународната заеница мора да одговара на обвиненијата дека направила геноцид против малцинска група ?

Како би се одговорило на прашањето, неопходно е да се знае историјата на Рохину во Мијанмар.

Нивното долгогодишно одстранување од општеството започнало во 1982 година. Во законот за граѓанство, напишано од страна на владата на генералот Не Вин, составена е листа од 135 етнички групи кои официјално биле наведени како трајно населени во рамките на границата на Мијанмар. На таа листа не биле Рохинџа муслиманите.

Законот за граѓанство се применува и денес и се користи да Рохинџа муслиманите се спречат да добијат државјанство, што доведува до тоа да група од 800.000 луѓе практично да нема држава-ни матична, ниту онаа во која е заштитена како национално малцинство. Заради тоа на Рохинџа заедницата им се ускратени сите основни права – парување во други делови на земјата, можност за образување, лекување, сопственост на имот, право на работа…

Многумина во Мијанмар го подржуваат ставот на владата, оправдувајќи го изоставувањето на Рохинџа заедницата од општеството со аргументот дека не претставуваат етничка заедница.

HRWпронашле докази за барем четири масовни гробници после нападите во 2012 година, период во кој повеќе од 125.000Рохинџа биле истерани од домовите и принудени да живеат во преполни кампови без вода, храна и лекови.

Во годините кои уследиле, околу 110.000 бегалци ја напуштиле земјата на застарени бротчиња – на тој начин станувајќи познати како народ со бродови, на тој начин скренувајќи внимание на својот проблем – во намерата да со опасното преминување преку морето да дојдат до азил во земјите како што се Тајланд, Малезија и Филипини.

Во светло на последните судири многумина критикуваат што de facto лидерот на Мијанмар Ang San Su Ki не го осудила насилството против Рохинџа муслиманите. Се очекувало дека тоа ќе се случи после нејзината победа на изборите во 2015 година, кога нејзината Национална демократска лига (НЛД) го завршила децениското владеење на воената власт.

Иако таа признава дека постојат проблеми во западниот дел на Мијанмар, таа не сака да одговори во одбрана на Рохинџа заедницата и наместо тоа таа се труди да истакне дека светските медиуми често не успеваат да ја сватат компликуваната внатрешност на односите во Мијанмар.

Сё додека нема политичка воља во Мијанмар да се спречи крвопролевањето, ситуацијата ќе се влошува и покрај барањата на меѓународната јавност да регира. Послендите напади укажуваат на обновена кампања на одстранување на муслиманската малцинска група од Мијанмар – преку ширење на страв и принудувајќи илјадници да ги ризикуваат своите животи бегајќи преку границите и отвореното море. Сё додека институционализираната и распространета дискриминација на Рохинџиите не биде сопрено во внатрешноста на земјата, насилството и понатаму ќе биде “оправдано“, а Рохинџиите ќе бидат соочени со потенцијално истребување.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


5 + = twelve

%d bloggers like this: