NORTHERN_THUNDER_PARADE-e1461694579716-960x400

39 ЗЕМЈИ, САМО ЕДНА ЦЕЛ: Будење на “муслиманскиот НАТО пакт “

Идејата зa формирање на муслимански НАТО не е нова, ама започна да се реализира кога Вашингтон започна да попушта во нуклеарните преговори со Иран, што предизвика загриженост на Ријад, како и после руските и курдски успеси во Сирија. Во декември 2015  саудискиот крал Салман прогласил создавање на Исламска воена коалиција за борба против тероризмот, скратено ИМАФТ, со седиште во Ријад, а како главфна задача поставена е борбата против екстремистите на територијата на Сирија, Ирак, Јемен и Либија. Дури тогаш многу експерти смeтале дека главната цел е Иран.

Во ИМАФТ прво влегле 34, а потома им се придружиле уште четири држави. Меѓу останатите, тука се Судиска Арабија, Јордан, Обединетите Арпски Емирати, Пакистан,Бангладеш, Бахреин, Турција, Чад, Тунис, Џибути,Сенегал,Судан, Сомалијa, Палестина, Катар, Брегот на Слоновата коска, Кувајт,Либан,Либија,Мали,Малезија,Мароко, Египет, Мавретанија,Нигерија. Во ИМАФТ биле поврзани сите муслимански земји, освен Иран,Сирија, и Ирак, што сето тоа ја претвори во сунитска организација.

20170124135931_36859

Именувањето на популарниот палестински генерал Рахил Шариф за началник на Генералштабот на “муслиманскиот НАТО“ изгледа како мудра одлука. Пакистан има шеста по големина војска во светот со огромно борбено искуство и располага со нуклеарна бомба. Со тој потег ИМАФТ би можел да стане сериозен блок.

Меѓутоа, сеуште официјално нема соопштение дали одлуката на Шариф да ја прифати функцијата началник на ИМАФТ била негова лична или тој на тоа место дошол во име на својата држава. Тоа е многу важно прашање, бидејќи иако Пакистан порано бил дел од исламската коалиција, тој се воздржувал од учество во операциите на Саудиска Срабија во Јемен, не сакајќи да ги расипува односите со Иран, од чија нафта и гас зависи целата негова економија.Освен тоа, иако Пакистан е сунитска држава, тој има големо шиитско малцинство, што би можело да доведе до меѓурелигиска напнатос во земјата.

Засега и Турција не е баш сигурен сојузник. Таа како членка на НАТО не може да учествува во други сојузи без посебно одобрение, меѓутоа нејзиниот претседател Реџеп Таип Ердоган не сака да се откаже од соработката со Ријад, бидејќи сака сопствена зона на влијание на Блискиот исток. Како докази на таквата соработка сведичат и саудиските ловци кои минатата година се појавиле во турската воена база Инџирлик.

Годината зад нас не донеса речиси некои позначителни успеси на Ријад: работите на операцијата против бунтовниците Хути во Јемен одат тешко и бавно, поразите на Сириската опозиција во Сирија, кои Саудиска Арабија на некој начин ја подржуваше, се разбира се повеќе се надзираат и против напади на шиитската милиција против терористите во Мосул. Сето тоа доведе до тоа Саудиска Арабија да започне да се плаши дека ќе започне да го губи своето влијание на регионот. Одговорот на саудиското кралство на промените на Блискиот исто претставува обид да се реанимира идејата за “муслимански НАТО“.


За време на состанокот на началниците на штабовите на 14 земји членки на арапската коалиција во Ријад, советникот на министерот за одбрана на Саудиска Арабија генералот Ахмет Асири за телевизијата “Sky News Arabia” изјавил дека воената колаиција на арапските и муслиманските земји, која ја формирала Саудиска Арабија, подготвена е да ги обедини напорите со коалицијата на чело со САД во борба против терористичката група позната, односно таканаречена “Исламска Држава“, во  Сирија и Ирак,Тој потврдил дека тоа се однесува пред сё на ослободувањето на Мосул и Рака, ама не е исклучена и можноста на борба и во други земји, како што е Либија.

Пат позиција во Јемен

Она што денес е највпечатливо е судирот во завиена форма на сунитска Саудиска Арабија и шиитски Иран за лидерство на Блискиот исток. Главната позорница во борбата за лидерство во регионот се Сирија и Јемен, каде сојузниците и арапската коалиција на чело со Ријад водат жестоки борби против бунтовниците Хути, кои ги подржува Техеран.

Саудиска Арабија се плаши дека Иран може да направи нуклеарно оружје. Во тој случај Саудиска Арабија прва своја задача си постави да набави нуклеарно оружје од Пакистан. Со придружувањето на Пакистан на овој сојуз, давањето на клучни должности на пакистанската воена команда, Саудиска Арабија го подогнува статусот на ИМАФТ во вистински сојуз кој прераснува во сериозна организација.

За борбите во Јемен

Во мешувреме, Саудиска Арабија е соочена со уште еден сериозен финансиски ризик и притисок, чија причина е војната во Јемен. Операцијата против шиитските бунтовници Хутите речиси во сиот овој период не носат некои поизразити резултати, иако Саудиска Арабија и нејзините сојузници имаат огромна предност. Тргнувајќи од формалниот однос на силите, војната би требало да биде завршена со целосно уништување на Хутите за два до три месеци.

Во овој случај сё повеќе од очигледно испаѓа дека арапските земји на чело со Саудиска Арабија, испаднале од политичкиот формат во кои се решава судбината на нивниот простор. Никој од нив, освен Турција нема да биде на преговорите во Астана, за решавање на сириската криза, а на Саудиска Арабија уште во 2013 година и истекол мандатот во Советот за Безбедност на ОН. Дали ова идеја за сојузот на “муслиманскиот НАТО“, ќе го подобри нивното влијание на Блискиот исток, и спречат напорите на Иран да влијае врз делови на тој регион, останува да се види. Меѓутоа како што сега се одвиваат работите, повеќето тамошни аналитичари сметаат дека ваквиот сојуз едноставно ќе ја спречи можноста од доминација на Иран на регионот, и од друга страна овозможи зближување на сунитските воени сили (војски) на повеќето сунитски држави во еден сојуз, кој покрај тоа што ќе доминира на Блискиот Исток, истиот секогаш ќе биде подготвен да дејтсвува и надвор од тие простори, односно онаму каде што ќе се отцени дека се загрозува муслиманско население, односно како што во нашио последен случај е Либија. Како ќе се одвива ситуацијата, останува да се види во преостанатово време на разно разни воени, политички и економски судири кои го надвиснале овој дел од светот.

Očigledno je da su arapske zemlje, na čelu sa Saudijskom Arabijom, ispale iz globalnih političkih formata u kojima se rješava sudbina njihovog prostora. Niko od njih neće biti u Astani na pregovorima o rješavanju sirijske krize, a Saudijskoj Arabiji je još 2013. godine istekao mandat u SB UN. Da li će se i ova ideja “muslimanskog NATO-a” završiti kao nemoguća misija pokazat će vrijeme.


(TBT, Sputnjik)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


2 × = six

%d bloggers like this: