дзамија тексас

(Видео) ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО ТРАМПОВАТА АМЕРИКА: Само на неколку часа после указот на Трамп запалена џамија во Тексас

Само на неколку часови после одлуката на американскиот претседател за забрана на влегување во САД на државјани на седум мнозинско муслимански земји запалена е џамија во Тексас. Исламскиот центар Викторија запален е во саботата околу 2 часот наутро, само на неколку часови после службеното објавување на одлуката на Трамп.

Командирот на противпожарната единица Том Леглер за локалните медиуми изјавил дека “нема теорија за причината за пожарот“, ама дека бара помош од државните и сојузни истражители  за пожари.

“Тоа е врески објект“ изјавил претседателот на центарот Шахид Хашми, додека гледал како џанмијата гори. Хашми исто така изјавил дека не сака да нагаѓа-претпоставува за причината за пожарот, меѓутоа споменал дека центарот минатат недела бил ограбен.

Хашми изјавил дека центарот собира повеќе од 100 членови на верската заедница. Во пожарот никој не е повреден, ама материјалната штета е голема. Додека се чека службена потврда за причините за пожарот, претставници на исламскиот центар претпоставуваат дека пожарот е подметнат. Неделната јавна молитва планираат да ја одржат во најблиската градина на џамијата каде “ би се молеле за мир и безбедност за сите“. Центарот најавува дека зградата ќе ја обнови со љубов и желба, а веќе ја покренале и кампањата GoFundMe како би ги собрале потребните средства.

Потсетуваме, Трамп ја донесе одлуката во наредните 120 денови да им се забранивлез  на муслиманите од Иран, Ирак, Либија, Сомалија,Судан и Јемен , како и на државјаните од Сирија на неопределено врема. Тој нагласил дека таа одлука ја донел каконпревенција во борбата против радикалните исламски терористи. Указот содржи исклучок за верските малцинства кои се соочени со “верски прогон“, под услов религијата на поединците да е малцинска религија во земјата од каде доаѓа таа особа.“

Со други зборови, тоа се однесува на немуслиманите во мнозинско муслиманските земји, заради што ова забрана се однесува исклучиво на муслиманите. Од изборите во ноември дошло до пораст на злосторствата од омраза во целата земја. За само еден месец после изборите пријавени се повеќе од 1000“инциденти“, од кои 250 лосторства од омраза. Пожарот во Викторија се случи на само три недели откако претходно во градот Аустин беше запален и уништен Исламски центар во изградба.

Реакции на указот на Трамп

Суспензијата на бегалската програма и превремената забрана за влегување на државјани на седум муслимански земји во САД во саботата предизвика паника и хаос на аеродромите , како и низа реакции на политичари, меѓународни организации, познати личности заради загриженост и критики до подршка и пофалби.

На аердромите во Егиет, Австрија, Иран, Холандија, Швајцарија патници од земјите кои биле на листата на трамп не им било дозволено да се каќат на авионите за САД, притоа предизвикувајќи хаос, неверување и огорченост на патниците.

Според портпаролот на министерството за безбедност Жилијан Кристенсен забраната ги опфаќа и особите кои легално живеат и работаат во САД бидејќи поседуваат зелена карта, меѓутоа подоцна представници на Белата куќа дополнително објасниле дека за тие луѓе дополнително ќе се решава, од случај до случај.

Таквите луѓе ги зафатил очај бидејќи заради забраната не можат да патуваат во САД и патуваат во странство во страв дека нема да можат да се врата или ако се во странство нема да можат да се врата во САД, пишува агенцијата Ројтерс.

Многумина ја поздравија одлукатана Трамп

Kellyanne Conway, советничка на Трамп ја пофалила одлуката на Твитер изјавувајќи: Доналд Трамп е “ човек од акција и влијание. Ветеното е исполнето. Шок за системот. Ама штотуку почнавме.

Benjamin Netanyahu,израелски премиер – “ Претседателот Трамп е во право. И самиот имам изградено зид на јужната граница со Израел. Ја сопрев легалната имиграција. Голем успех. Голема идеја“, напишал тој на својот Твитер профил.

Miloš Zeman,чешки претседател – “Сега имаме сојузник во САД…Трамп ја штити својата земја. Станува збор за безбедноста на граѓаните – токму она што елитата во ЕУ не го прави“.

Marine Le Pen,претседателка на француската крајна десница – “ Она што му смета на медиумите е тоа што Трамо ги почитува своуте ветувања и ги спроведува своите програми.

Geert Wilders,лидер на еурофобната холандска Партија за слобода: “ Прекрасно. Тоа е единствен начин да се сочува безбедноста  + слободата. И јас тоа би го направил. Се надевам дека наскоро ќе додадат уште некоја исламска држава како што е Саудиска Арабија“.

Theresa May британска премиеркаСАД се одговорни за американската политика за бегалците. Велика Британија одговорна е за британската политика за бегалците“.

Критики, загриженост, осуди

Ирачките војници кои во градот Мосул се борат противприпадниците на таканаречената Исламска држава – “ Та одлука е донесена бидејќи постојат терористички групи во Ирак, ама овде има и недолжни луѓе и меѓу нив се и оние кои се борат против терористите“. Зошто да ни се забрани влез во САД додека нивните војници се во нашава татковина (Ирак) и овде имаат бази“.

Amnesty International,меѓународна невладина организација за човекови права: “Указот на Доналд Трамп е противмуслиманска противбегалска основана на омраза и страв.. заради што им забранувате на СИТЕ Сиријци влез во САД?“.

UNHCR, Меѓународна агенција за бегалци, како ИОМ, Меѓународна организација за миграција објавија заедничко соопштение: “ Потребите од прогонети и мигранти низ светот никогаш досега не биле толку големи, а американската програма  за преселување еден е од најважните во светот. “Силно веруваме дека бегалците треба да примат еднаков третман на заштита и помош, без оглед на нивната вера , националност или раса“.

Mark Zuckerberg,американски ,милијардерм, и оснивач на Фејсбук: “Мојот дедо и баба доаѓаат од Германија, Австрија и Полска…САД претставуваат нација на имигранти и со тоа треба да се гордееме… Мораме земјата да ја одржиме сигурна, меѓутоа тоа  треба да го правиме, така да ќе се насочиме кон оние луѓе кои навистина претставуваат закана“.

Binal Yildirim, Турски премиер : “ Проблемот на бегалците нема да им го решиме а, ниту нема да им помогнем со подигнување на зидови“, изјавил Јилдирим

Hasan Rohani, ирански претседател:  “Денес не е време за изградба на зидови меѓу народите. Американските лидери заборавија дека пред неколку години е урнат Берлинскиот зид. Зидовите меѓу народите треба да се срушат. Денешниот свет не е свет во кој сакаме да ги зајакнеме разликите меѓу народите“.

Jean-Marc Ayrault, француски министер за надворешни работи – “ Таквата одлука може само да загрижува. Прифаќањето на бегалците кои бегаат од војните  претставува дел од нашите обврски.

 

 

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


1 + = six

%d bloggers like this: