1

(Видео/Фото) ПОДГОРЦИ: Одбележан Патронатот на ОУ “Гоце Делчев“-Подгорци

Во пресрет на 4 февруари, роденденот на Гоце Делчев, истоименото училиште од Подгорци денес на свечен начин го прослави својот патронат.

Како и секоја година, така и оваа година решивме со низа на подготовки на нашите ученици, тргнувајќи пред сё од, рецитали, драми, игри и други активности решивме да го одбележиме нашиот патронат.

Се разбира, како и секоја година, на претходно објавен конкурс во нашава образовна установа, на сите оние ученици кои учествуваа на овој конкурс, а се однесуваше за избор на најдобра остварување на нашите ученици од делот на Литературниот и Ликовниот дел и се разбира најдобриот постигнат успех.

Оваа година на конкурсот со свои литературни и ликовни дела учествуваа голем број на ученици, а нашата комисија ги избра следните за најдобри:

Литературен Конкурс

1.Мерјем Мемишоска

2.Јована Мариноска

3.Реџеп Реџоски

Ликовен Конкурс

1.Илда Ајрадиноска – 9-то/2

2.Клементина Димитриеска 9-то/2

3.Мунира Исмајлоска 9-то/2

Ликовен Конкурс

1.Дехила Авмедоска 5-то/1

2.Зулејха Мирадиноска 5-то/2

3.Џенит Ајдиноски 4-то/1

За постигнат успех и примерно поведени

Исмајлоска Ениса 4-то/1

За континуиран успех и покажани резултати во наставни и вон наставни училишни активности

Семина Беќироска 9-10/1

Се разбира за сите овие благодарение на соработката со Советот на Родители, Училишниот Одбор, Месната Самоуправа, и нашиот колектив, решивме сите овие да бидат наградени како дел од нашето вниманите кон нив, и се разбира подтик и за другите ученици да учествуваат и на другите наши свечности, приредби и конкурси кои ги организирама и имаме планирано во текот на годинава која ни предстои.

Во ова пригода исто така би сакал посебно да им се заблагодарам и на родителите на сите наши ученици кои еве денес изнајдоа и издвоија дел од своето време, денес да бидат на оваа наша свеченост и споделат впечатоците од дистигнувањата и умеењето на нашите ученици од делот на образовните и други активности.

Се разбира притоа тука да не ги изоставам и нашите вработени кои секогаш изнаоѓаат време за подготовка на ваквите свечености и се разбира подготвка на учениците без кои ваква приредба не би можела да се одржи- ни истакна на крајот директорот на ова училиште г-дин Фадил Исламоски, притоа уште една повикувајќи ги родителите да бидат дел од образовниот процес на ова училиште кое претставува темел на образованието на нашите деца.

21 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 16 17 18 19 20

15

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


nine + 5 =

%d bloggers like this: