иселување

АЛАРМАНТЕН ИЗВЕШТАЈ НА ОН: Од Македонија иселено 24,8% од населението

Картата на Европа која ја изработил картографот Јакуб Мариан открива во кои европски земји најголем број на луѓе одлучиле да се преселат во странство. На врвот на ова листа се наоѓа Босна и Херцеговина, а следуваат Албанија, Македонија, Португал, Црна Гора и Молдавија.

Од овие земји имигрирале речиси петтина од тамошното родено население.

Околу 1,6 милиони луѓе родени во БиХ моментално живеат во странство, атоа е околу 43,3% од вкупното население и 5% повеќе од следната најлоша земја на списокот – Албанија.

Од Македонија и Црна Гора се одселиле 24,8% односно 22,1% од населението.

Од Хрватска петтина од луѓето кои се родени во неа имигрирале во други земји-20,4%, додека од Србија се иселиле 10,9% од населението, што претставува најмал процент во регионот.

Пример на начинот на пресметување на процентот е следен: Популацијата на Полска во 2015 година изнесувала 38.612.000, според податоците на Обединетите нации. Бројот на оние кои се родени во Полска, а живееле во некоја друга земја, изнесувал 4.449,00 луѓе. Според тоа  38.612,000 поделено со 4.449,000 = 11,5%.

стопиранје

Податоците се однесуваат на местото на раѓање, а не на државјанството или етничката припадност.

Најголем број на граѓани на БиХ се иселиле во Хрватска, најмногу жители на Србија заминале во Австрија, а најмногу Црногорци во Србија.

Ова се десет земји со најголем број на луѓе кои се иселиле:

Bosna i Hercegovina – 43.3 %
Albanija – 38.8 %
Makedonija – 24.8%
Portugal – 22.3%
Crna Gora – 22.1%
Moldavija – 21.8%
Hrvatska – 20.4%
Litvanija- 18.9%
Irska – 18.8%
Rumunija – 17.5%




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


8 × two =

%d bloggers like this: