20170213123950_28746

КЛАНИЦИТЕ НА АСАД: Глетките од сириските затвори потсетуваат на Аушвиц

Режимот на Асад погубил илјадници цивили во затвор во близина на Дамаск, тврди Amnesty International

Потресниот извештај на Amnesty International објавен минатата недела под наслов “ Човечка кланица: Масовно бесење и истребување  во затворот Сајданаја“, на прв пат, фрли светло на масовните ликвидации на сирискиот режим на Башар ал-Асад.

Во извештајот на Amnesty International стои дека во воениот затвор во Сајднаја, северно од Дамаск, секоја недела во просек погубувани се 20-50 затвореници. “Во затворот Сајднаја во текот на четирите години погубени се помеѓу 5 и 13 илјади луѓе, откако востанието против режимот на ал-Асад прерасна во граѓанска војна“.

А станува збор за само еден ос злогласните режимски затвори од кои добар дел од политичките затвореници никогаш не излегле живи. Amnesty International истакнува дека егзекуциите се вршени помеѓу 2011 и 2015 година, меѓутоа како што сеуште се спроведуваат тие веќе претставуваат воени злосторства.

Лешеви секојдневно пристигнувале во болница, а лекарите морале да ги лажираат смртовниците.

Како пренесува Дејли Мејл, лешевите на мачените и погубените затвореници секојдневно пристигнувале во најблиските болници во грозоморна состојба: пребиени до непрепознатливост, дехидрирани, белези од сечење со ноже, изгореници од струја, киселина или цигари.

На еден му недостигало око, на друг цела глава, на трет коските надзирале надвор од кожата заради изгореници од киселина. Многумина имаа знаци на видлива болест.

А лекарите сето тоа морале да го прикријат и да составуваат лажни смртовници според кои жртвите починале од инфаркт или проблеми со дишењето, “Тоа беше глетка како од пеколот. Немавме време ниту да провериме дали се мртви. Видов толку многу грозни работи“, вели Намер Хасан, еден од лекарите кои посведочиле за овој систематски злочин, кој сега како бегалец се наоѓа во Германија.

“Ова ќе ви се случи доколку се борете против нас“

Телата се закопуваа во масовни гробници, без известување на семејствата, како би се сокриле доказите за можна истрага на воени злосторства. Војниците ги мачеа и тепаа дури и ранетите кои ќе беа донесени во болница, реферирајќи се на ниф како на “животни“ и “загадени“. На прашање зошто некои од нив ги оставиле да живеат, Хасан одговара дека режимот сакал да испрати порака до пошироката заедница :“Ова ќе ви се случи доколку се борете против нас“.

Sir Desmond de Silva, коавтор на извештајот на ОН за злоделата на Асад и поранешен обвинител за воени злосторства во Сиера Леоне, коментирал дека фотографиите на жртвите го потсетуваат на “ глетките на луѓе кои излегле од  (нацистичките концентрациони логори) на Белсен и Аушвиц.

Со него се сложила и форензичката антропологиња Суе Блацк, која исто така работела на извештајот:“ Во денешно време навистина не очекувајте  дека ќе свеоќите на такви работи на таква висина“.

Асад како Трамп: Тоа се лажни вести

Асад, очекувано, ги отфрлил сите обвиненија за “ искалкулираната кампања на вонсудски погубувања со бесење“, како што ги отфрлил и поранешните илјадници објавени фотографии на мачени и погубени жртви кои од Сирија  успеал да ги изнесе фотограф кој успела да побегне од режимот на воената полиција.

Посебно индикативно е и тоа дека Асад овие докази и искази на сведоците со документирани обвиненија, ги отвфрлил како “лабжни вести“ – користејќи ја истата ситагма со која нему наклонетиот американски претседател Доналд Трамп послужил во своето обраќање за СНН.

Режимот на почетокот на револуцијата ги ослободувал екстремистите, а ги погубуваше дисидентите.

Како што пренесува Ал Араби, еден преживеан затвореник кој се наведува во извештајот под псевдоним Абу Башра во затворот Сајднаји поминал речиси две години, од 2009 до 2011. Тој бил фатен од страна на јорданските безбедносни служби, а сирискиот воен суд  го осудил без присуство на адвокат и можност за одбрана.

“ Погубувањата обично не се извршуваа пред нас, ама обично би знаеле дека се случуваат на различни места во затворот. До зајдисонцето, луѓе облекувани како цивили би дошле во големи автомобили.Можев да ги видам низ прозорците. Ќе остануваа цела ноќ до утро како би го надгледувале погубувањето“, ги опишал ликвидациите Абу Башра.

Затворениците редовно биле претепувани со стапови, така да после тоа и самите чувари едвај ги носеле, продолжува Башра: “Најлошо што доживеав е кога еден мој пријател доби мозочен удар и почина пред нас, без претходно да биде прегледан од лекар. Слични работи се случувале редовно во затворот“.

Меѓутоа психолошкото мачење било еднакво тешко, како и недостатокот на сонце и звеж воздух. “Не сум многу оптимист дека овој извештај ќе донесе некакви промени“, заклучува: “Сите оние кои постанаа екстремисти  во затворот, режимот на почетокот на револуцијата ги пуштал да створат свои групи и не ги напаѓал биејќи можел да предвиди какви акции ќе превземат“.

Неговиот брат убиен неколку дена пред и самиот да биде пуштен

Друг затвореник, 26-годишниот Абдул Рахман, пуштен е од Сајднаје во 2013. после после една година.“ Моето судење траеше три минути, а ушта двајца беа со мене“, вели тој. Погубувањата обично се извршуваа во среда, “ кој представуваше ден на ужасот за сите нас“.

Посебно потресен момент за него се случил неколку денови пред да биде пуштен, кога меѓу оние чии имиња беа прочитани, како би биле изведени на погубувцање, го слушнал името на својот брат – за кого воопшто ниту знаел дека е во затворот. “Мислев дека можеби е само слично име, ама кога излегов, моето семејство ми рече дека тој сеуште е во затворот, а јас им реков не, повеќе не е.“

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


one + 8 =

%d bloggers like this: