е13 (Copy)

Остатоци на куќи, џамија, гробишта: Од длабочината на езерото Рама исплива историјата

Лошата хидролошка година и зголеменото производство на електрична енергија, довеле до тоа Рамското езеро (БиХ) да падне на најниско можно ниво во последните неколку години.

Денес долината на потопената Горња Рама изгледа  толку мртво, толку нестварно и безживотно, како да гледате во пустински предели.  Единствено што донекаде очите на посматрачити ги освежува е околната глетка на потомите рамски села и семејни имоти. Тоа е она што ви дава сигурност дека во ова пуста долина сеуште има живот.

е1 (Copy)

Желбата за промоција на својот крај и љубовта спрема истиот, не наведе на тоа да ја посетиме ова “пуста“ долина, пишува Rama-prozor.info.

Тргнувајќи од местото Бруша спрема некогашната населба позната како Луке, со првиот чекор стапнувате на потопено, безживотно тло, кое не се истакнува со ништо, совен со мртвило, и на кое нема ништо друго освен вдлабнати траги на човечки чекори и автомобилски гуми.

А, тука веднаш се абележуваат траги на некогашни калдарми, и пат кој ќе ве води во правец на следното место – во полна акумулација тоа е островот Шкарине. И навистина од таа калдрма можат да се забележат остатоци на некогашни овоштарници, гробишта, човечки остатоци и домови. Кога ќе дојдете на Шкарине погледот ви пука на питомата долина преполна со остатоци од човечки траги на живеење. И дека, питома била некогаш, во некое друго време, во време на едноставно човечко живеење, во време пред апокалипсата наречена потоп.

Тоа е местото наречено Копчичи, место на беговите на Рама, место кое според трагите Ви зборува дека тоа било место на угодно живеење. Сместено по текот на самата река Рама, покрај нејзиниот лев брег, на питомара равнина, денес изгледа толку мртво, толку еднолично, и безживотно како да е сместено во пустина. На патот до Копчичи се среќаваме со љубителите на историјата и природата. Во друштво со господинот Иван Келаве, фотограф од Мостар, ги престигнуваме посетителите од Коњиц, господинот Хајрудин Мотика, професор по историја и неговиот пријател Салем Шахиновиќ, и заеднички продолживме со патувањето до крајната цел.

На тој пат со пријатен разговор, додека погледот пука на мртвата долина, влегуваме во безживотните, порушени и мртви остатоци на Копчичи. Место кое некогаш било преполно со живот, во кое се раѓало, растело, живеело и умирало. Место во кое се испреплетуваат тагата и гордоста, во кое, иако сега е мртво, опипливи стануваат човечките животи, работата и љубовта спрема родната грутка.

Првиот спомен на Копчичи како населба наназад низ историјата се појавува стотина години, во времето од 15 и 16 век. Воглавном се споменува преданието за Копчичите, а таа има неколку верзии. Постојат две прифатливи верзии, воглавном за потомците и поранешните жители на Копчичи, и тоа:

“Преданието според кое Алај-бег Копчич во Босна и Херцеговина дошол за време на османлиите ин дека заради заслуга во борбите од султанот добил толку земја колку што еден коњ може да помине во еден ден. Споре тоа предание бегот Копчич јавал дури и до местото Дувна па на народот од тука му останала изреката  ‘Obilazi k’o Kopčić oko Duvna’.

Што се однесува до другата верзија за потеклото на Копчичи постои уште една која вели дека станува збор за едно племенско семејство, кое со доаѓањето на Османлиите на овие простори прифатиле ислам. Првата пишана трага за Копчичи е оној од 1888 година во Народното богатство на босанскохерцеговачкиот писател и политичар Мехмед-бег Капетановиќ Љубушак. Подоцна во 1900 година во делото на Кратки упатства за минатото на Босна и Херцеговина кое го пишувал Сафвет-бег Башагиќ, а во 1906 година во весникот на Географскиот музеј интересен текст напишал Алија Чатич. Интересно е дека ова племенско племенско семејство имало и свој грб, кој е истакнат во обновеното турбе на бег Копчич. Во Радославје босанско, алити илирчки и серпског владаниа на  попот Станислав Рупчич, кој се чува во манастирот св. Дух во Фојница, под реден број 54. се наоѓа ророслов и грб на ’ семејството на бегот од рамската нахија ’- семејството Копчич“.

Можеби ова место и може да се нарече беговско и заради тоа што во времето пред акумулацијата на Рамското езеро (1968.година) имало стандарди на помалку невообичаени села од овој крај, со содржини специфични за поголемите населби, па тука имало и кафеани, воденици, анови, патишта поплочени со калдрма…

И додека со лесен чекор, по остатоците на главната селска калдрма, влегуваме во остатокот на населбата, насекаде се забележуваат траги од тесни приклучоци на мали улички од калдрма, кои некогаш воделе до домовите, од кои денес не останал “ ни камен на камен“.Видливи се траги на остатоци на грниња,глинени цигли, катинари и можеби она најчувствителното, остатоци на човечки обувки, садови…

Преку таа иста калдрма влегуваме и во остатоците на пространи гробишта (мезари),  кои се наоѓаат на дното на населбата. Тие неми остатоци на човечки почивалишта, ги опкружува разурната џамија, од која сеуште најистакното е нејзиното минаре. Џамијата и гробовите сместени се на најравниот, и онака најпитом, дел на Копчичи.Урнатата џамија, минарето, човечките домови, представуваат незаштитени домови на едно време, една традиција и вера, на една Рама која била немоќна за да направи било што за да не биде вака.

Пустината настаната со потопот го здогледала светлото на деното. Изронила од длабочината на синото Рамско езеро, за да нё врати во некое друго време, да ни ја открие некоја друга Рама, нејзините некогашни села, питомите долини и равнини, да ни ја пробуди фантазијата за едно време и една земја, за една рајска долина, сместено на она мала буква “и“ на природната граница која ја раздвојува Босна од Херцеговина.

На пробудените чувства, како набљудувачи кои се родени многу време после потопувањето на котилината на Рама, не можеме а да не се запрашаме дали навистина сё морало вака да заврши? Дали ова питома долина, во она време богата со разно овошје, зеленчук и житарици, морала да биде “удавена“ во страотен воден потоп?

е2 (Copy) е3 (Copy) е4 (Copy) е5 (Copy) е6 (Copy) е7 (Copy) е8 (Copy) е9 (Copy) е10 (Copy) е11 (Copy) е12 (Copy) е13 (Copy)

 

 

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− 5 = three

%d bloggers like this: