screenshzagadenjeairvi1200p625

РЕВОЛУЦИОНЕРНА КАРТА ОТКРИВА АЛАРМАНТНА ВИСТИНА: Од 10 најзагадени градови на Европа, дури пет се од поранешна Југославија

Милијарди луѓе ширум светот излоќени се на опасно загаден воздух, меѓутоа степените на загадување се разликуваат. Едно е сигурно, најлошо и најбрзорастечко загадувањето е во Азија и Африка.

Податоците на Светската здравствена организација (WHO) за количината на ситните честички помали од 2.5 микрони по региони покажуваат колкавав е степенот на загадување по градови ширумс ветот. Според податоците изработена е AirVisual карта на загадување.

Колку за пример, Париз има речиси двојно поголема количина на такви честилки во воздухот од она што е препорачано – 18 микрограма по кубен метар. За споредба, во Њу Делхи ти изнесуваат 122 микрограми по кубен метар, додека ситуацијата е најлоша во градот Забор во Иран со 217 микрограми штетни честички по кубен метар воздух.

Меѓу најзагадените градови во светот воглавном се наоѓаат градовите од Индија, Саудиска Арабија, Иран и Кина.

Кога ќе се споредат податоците од Европа , забележливо е дека состојбата  најлоша е во Тетово во Македонија, каде во метар кубен воздух се наоѓаат 81 микрограм опасни честички. Уште повеќе загрижува фактот дека пет од десет најзагадени градови се од поранешна Југославија.

загадување

Меѓу тие пет се наоѓаат и Тузла (БиХ) со 65 микрограма честички на кубен метар, Скопје (Македонија) со 45 микрограма, Плевља (Црна Гора) со 42 микрограми и Битола (Македонија) со 40 микрограма штетни честички по кубен метар воздух.

Воздухот  многу е загаден и во полските градови Pszczyna, Wodzislaw Slaski и Rybnik како и во бугарскиот град  Димитровград.

screenshzagadenjeairvi1200p625

Што се однесува на загадувањето во САД тука предначат градовите во Калифорнија Visalia-Porterville, Hanfor-Corcoran, Portola, Fresno. Тука се и градовите од сојузната држава Пенсилванија Lancaster и Lebanon.

Користејќи ги податоците на Светската здравствена организација за загаденоста на воздухот, авторите на проектот AirVisual направиле глобален  визуелен приказ на загадување, кој покажува како повеќе од 90% од светската популација вдишува опасен воздух штетен по здравјето. Само заради таа причина годишно умираат 7 милиони луѓе.

AirVisual Earthе прва карта која ги покажува актуелните податоци за загаденоста.

Загрижувачко е и тоа што во Загреб утринава било забележано околу 100 µg/m³, а тоа го сместува на врвот на градовите со најнизок квалитет на воздух во Европа.

Интерактивната карта со помош на која можете да го следете загадувањето на воздухот можете да ја пронајдете овде.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


six × 2 =

%d bloggers like this: