кавазовиќ

МУСЛИМАНСКИТЕ ЗЕМЈИ СЕУШТЕ СЕ ПОД ТУЃА ЧИЗМА: Исламските земји се поделени и беспомошни..

Реис-л-улемата на Исламската заедница во БиХ Хусеин еф.Кавазовиќ во петокот во обраќањето на Светскиот самит на исламските учењаци во Шналиурфа истакнал дека Турција низ историјата секогаш била со БиХ, притоа изразувајќи благодарност на турскиот народ заради подршката, јавува Анадолија Агенцијата.


FOTO: Kavazović, Gormez (AA)

- Нас во балканските земји, после Исманлиското царство, се обидоа да нё оддалечат од исламскиот свет , а понекогаш и во тоа успеваа. Подоцна останавме врзани за идеологијата и режимите. Бевме под притисок. Сега се бориме за заштита на својата позиција и за заштита на своите вредности – истакнал Кавазовиќ.

Тој нагласил дека после нападите од 11.септември во САД муслиманите во исламските земји се соочуваат со поголеми предизвици, потсетувајќи на големо насилство и страдањата на муслиманите во Палестина, Ирак и Сирија.

Сепак, истакнал дека во последно време поедини муслимански земји се свртија една против друга.

- Ние многу години живеевме во мир. Што се случи одеднаш за да ескалираат судири. Муслиманските земји места на различни култури… Сега сведочине на многу драматични настани. Порано немавме расправии и судири, меѓутоа откако ја изгубивме вредноста, судирите се интензивираа. Исламските земји се поделија, и сега сме во беспомошна ситуација. Луѓето брутално убиваат, а се појавија и крволочни терористички банди. На луѓето не им го дозволуваат ниту правото на живот, со што ја валкаат верата  на исламот – изјавил Кавазовиќ.

На крајот напоменал дека не останало многу хуманост во војните кои се водат во исламските земји.

- Така, денес муслиманските земји никако не успеваат да ги решат своите проблеми. Зависни се од странските земји, и тоа со години кое долго трае. Ако ние, како исламски земји, масовно не кажеме “стоп“ на овие војни, масакрите и тираниите ќе продолжат. Токму тоа денес го гледаме во Сирија, Палестина и многу други земји. Телото на бебето кое го видовме на турскиот брег представува многу тажна слика. Потребно е да направиме еден нов почеток како би го спасиле Блискиот исток од овие настани – изјавил Кавазовиќ.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


one × 2 =

%d bloggers like this: