lead_960

ПОХОД НА ИСЛАМ И КИНА: Дали Steve Bannon го подготвува Трамп за “света војна“

Понекогаш се случува наизглед безизлезен говор да исцрта пат по кој ќе оди идниот американски претседател неколку месеци пред и воопшто тој да ја објави својата кандидатура. Тоа и така се случи, во случајот со претседателот Доналд Трамп и неговиот главен советник, Стив Банон.

Јули 2014 година, Банон одржал говор на тема развој на верски одредената десница во Европа.

Банон во текот на говорот преку Скајп емитуван во Ватикан, изјавил дека “ Јудео-христијанската цивилизација е во криза и дека ја чека период на брутални судири“.

Банон е застапник на “ просветлениот капитализам на јудео-христијанскиот запад“, заснован на “ духовните и морални темели на христијанството“.

Таквиот општествен поредок, според неговите зборови, се наоѓа под напад на кронистичкиот капитализам, она што го нарекува “државен капитализам“ од една страна, односно “ либерален капитализам од друга страна“. Двата наведени системи, тврди дека имаат проблем со распределбата на стекнатото богатство.

Како вина за избувнување на кризара, Банон го наведува трендот на секуларизација на Западот.

Покрај наведените внатрешни проблеми, тој издвојува и два надворешни фактори кои представуваат закана за јудео-христијанскиот свет. Двата проблеми, како и нивното решение, наводно лежи во религијата.

Банон против исламот

Првиот проблем лежи во исламот. Банон верува дека Западот  се наоѓа во прва фаза од глобалната војна со “ исламскиот фашизам“, а како одговор на тоа, предлага земање на “ многу, многу , многу агресивен став“.

Треба да се напомене дека советник на Трамп автор е на сценариото на документарен филм под наслов “ Исламска држава на Америка“, во кој се наведува дека исламизмот полека ги освојува соединетите држави со помош на маинстрејм медиумите на американските Евреи и државната администрација.

Банон верува дерка исламот е религија која мора да биде потисната. Тој во споменатиот говор кој бил емитуван во Ватикан, потсетил на историскиот судир на Западот и исламот и истакнал дека претците на денешните западњаци заслужни се за сузбивање на исламот на светското ниво.

Неговите зборови на дело се гледаат во неодамнешниот извршен акт кој го потпишал Доналд Трамп. Зборовите за забрана на влегување на територијата на САД, зборови кои ги погаѓаат граѓаните на поголемиот број на муслимански земји.

 

Противници

Банон не се задоволил со судирот со исламскиот свет, туку око фрлил и на Кина. Во едно интервју кое го дал минатата година, изјавил дека “ Исламот и Кина моментално се во експанзија, еднакво мотивирани, еднакво арогантни. Тие се во движење, а јудео-христијанскиот Запад се повлекува“.

Една од работите од која Кинезите се плашат повеќе од Америка и капитализмот, според  неговите зборови, е христијанството.

Како што наведува тој, Кина е едно од поприштата на најбрзото ширење на христијанската вера, било да станува збор за евангелисти, обични протестанти, католици или православци. Тоа, како што изјевил тој,ќе се одрази и на геополитичката улога на најмногучовечката земја на светот.

На крајот, Банон предвидува дека САД во наредните 5 до 10 години ќе мора да влезе во војна во областа на Јужното кинеско море.

Банон верува дека судирот започнал во 2008 година.

Банон, според тврдењето на маинстрејм медиумите, поклоник на учењето изнесено во книгата на двајца социолози, Вилијам Страус и Неил Ховеј, во коај се наведува дека “ ресетувањето“, односно целосните реформи на американските институции доаѓа на одприлика на секои 80 години. Низ историјата тоа се случило во периодот од Американската револуција, преку Граѓанската војна, до Втората светска војна.

Четири делниот циклус на промени се состои од запаѓање во криза, свртување кон иснтитуциите, бунт против институциите, и заборавање на лекциите кои при сето тоа биле научени, со што се отвараат вратите на новото запаѓање во криза, разорувања и повторно изградба на системот.

Во 2010 година. Банон го продуцирал документарниот филм под наслов “ Генерација нула“ во која светската економска криза од 2008 година представува како окидач на следното големо, историско движење.

Доколку во некој  случај Банон би бил муслиман, не би го пуштиле ниту во близина на Белата куќа, а камоли да му го доверат на чување нејзините клучеви. Светот би се обединил во повиците кои би го нарекле екстремист. Би дошло до глобални напори да се спречи ширењето на неговото учење и понатамошна радикализација на оние кои го прифатиле.

Наместо тоа, фокусот на јавноста е врз Трамп, додека мрачните збивнувања во позадина на неговиот предстој во Белата препуштат на заборавот.

Легендарниот филмски негативецм, Кајсер Созе, кого во филмот “ Дежурни виновници“ маестрално го одиграл Кевин Спејс, вели дека најголем трик кој ѓаволот успеал да го изведе е тоа што ги убедил луѓето во своето непостоење.

Во наредните емсеци, политичкиот систем на контроли и кочници на американската демократија ќе помине еден од сериозните тестови во својата историја

Како што изјавил Банон во интервју за Њујор Тајмс “ тргнуваме брзо и правиме големи работи, не одјдовме овде да се занимаваме со ситници“.

Така Америка, ама и останатиот свет, можат да се најдат на работ на пропастот.


Ивзор: (TBT, Middle East Eye)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− three = 3

%d bloggers like this: