BREAKING NEWS
Search
Supporters of the Civil Initiative for United Macedonia protest in Skopje

(Анализа) МАКЕДОНИЈА ДЕНЕС: Бран на хистерија и омраза во режија на оние кои остануваат без фотеља

Мрачното и насилно лице на сеуште индиректно владејачката партија во Македонија, ВМРО ДПМНЕ, многу лесно и брзо исплива на површината. Откако, после долгу очекуваните парламентарни избори одржани во декември, на сите им стана јасно дека ова политичка опција, и покрај тесната изборна победа, после одолговлечувањето на преговорите за  составување на влада со Демократската унија за интеграција (ДУИ) не успеа да состави влада, тргна со кампања преполна со хистерија и омраза.

Според Уставот, македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов мандатот за состав на владата должен е да му го даде на оној кој има мнозинство на пратеници во парлементот, поточно на изборната коалиција и партиите кои се согласни да влезат во постизборна коалиција. Меѓутоа тој одби да го направи тоа не сакајќи мандатот да му го даде на противниците на ДПМНЕ. На ова место вреди да се спомене и платформата за двојазичност која во етер ја пуштија албанските партии на чело со ДУИ, а според која , меѓу останатите, на албанскиот јазик треба да му се даде поголем простор. Тоа наводно , била причина , односно камен за спомнување на преговоритена ДПМНЕ со ДУИ, иако  се дознава дека единствената причина сепак била онаа што се однесувала околу продолжувањето на СЈО кое има подигнато кривични ообвиненија за повеќе функционери на владејачката партија.

Меѓутоа, според голем број аналитичари, вистинските причини како што се продолжува во анализата, можат да бидат сосема поинакви и треба да се побараат на сосема друго место. Имено ДПМНЕ, по секоја цена сака да ја избегне можноста да Специјалното јавно обвинителство продолжи со совојата работа, бидејќи како што е горе споменето, голем број на функционери на ова партија се наоѓаат под истрага на ова институција. Истовремено, нивниот потенцијален партнер ДУИ, нема проблем со работата на ова институција, и бара истата да продолжи со работа, а тоа значи дека тука треба да се бараат причините за пропаѓање на преговорите. Пред да истече роко за давање на мандатот за составување на владата Зоран Заев, лидер на Социјал Демократскиот Сојуз на Македонија (СДСМ), ДПМНЕ, ја покрена својата пропагандна машинерија.

Skoplje

Минатата недела, 24.фебруари, експресно беше организирано  оформено граѓанското движењ “Тврдокорни“ и беа одржани протести во Скопје и неколку помали градови, а сето тоа под мотото: “Да ја заштитиме земјата од Зоран Заев“!. Тие протести изобилуваа со фотографии на “голема Македонија“, знамиња на фашистичкото друштво “ Андон Лазов Ќосето“, наречено според терористот кој на крајот на 19 и почетокот на 20 век  функционирал како платен убиец на бугарското ВМРО. Демнонстрантите воглавном скандирале дека наводно нема да дозволат Македонија да биде продадена.

Следниот ден, уште едно фантомско друштво од кое јасно се гледа дека зад него стои ВМРО ДПМНЕ започна да организира протести во Скопје и уште некои други градови, под името За заедничка Македонија“. Иронија на ова движење е тоа што се залага за унитарна Македонија, и шири фама и страв дека Македонија ќе постане двојазична земја, поточно дека на целата територија ќе се зборува и на албански јазик, меѓутоа скандирањата им се целосно спротивни, воглавном подтикнати за нечија смрт, како “смрт за Албанците“, “за чиста Македонија“, “смрт на предавниците“, “смрт за Заев“…

За да биде трагедијата уште поголема, вербалното насилство кое многу брзо се рашири на социјалните мрежи, најмногу на Фејсбук, набрзо се префрли и на улица. Пред неколку денови, во еден скопски ресторан беше нападнат новинарот Борјан Јованоски. Непознато момче очигледно со претходна намера влезе во ресторанот во кој се наоѓал Јовановски и плукнал на крајот од разговорот. Јованоски беше наречен предавник, а сето тоа со мобилен беше снимено од страна на пријател на напаѓачот. Упатени во пропагандниот систем на делување на ДПМНЕ на социјалните мрежи, лесно можат да се препознаат лажни профили како виртуелни војници кои ова партија гиотвараат. На едеден таков лажен профил беше поставена и снимката од нападот врз овој новинар. Веднаш после тоа режимскиот новинар, своевиден мегафон на ДПМНЕ, Миленко Неделковски, кој своевремено лежел во затвор бидејжи продавал фалсификувани канадски визи, споменатото видео го споделил на својот профил, наведувајќи дека напаѓачите на Јовановски се патриоти, и дека заради ова акција ќе ги почести по нивни избор. Инаку колку за потсетување, на два дена претходно новинарска екипа на порталот А1 беше нападната додека известуваше од горе споменатите протести. Новинарите завршија во болница.

borjan

Ден подоцна, познатата професорка од Универзитет во Скопје, Гордана Попсимонова, инаку отворена критичарка на ДПМНЕ, на својот Фејсбук профил објави фотографија и погрни зборови кои ги примала од непознати особи. И` било порачано да оди во Албанија, а покрај тоа и било закането и со силување, и била наречена “соросоитка“. Сите инциденти кои ги провоцираат десничарските насилници тепко е да се пребројат, ама вреди да се забележи и случајот на паркиралиштето на скопскиот Правен факултет. Таму двајца провокатори вербално го нападнаа професорот Љубомир Фрчкоски, кој крајот на  нападот на момчето го прекинал на најагресивен начин така што му удрил шамар, по што тие се разбегале. Војската на ДПМНЕ ангажирана е да доаѓа во контакт со критичарите на власта и опозициските политичари,притоа провоцирајќи ги и снимајќи со мобилен телефон. Бројот на таквите случаеви во текот на ова недела изразито бил голем.

Исто така во Скопје во изминатите денови кружеа и налепници со фотографии на македонските денари кои беа модифицирани така што на нив беа поставени натписи и на албански јазик, алудирајќи дека албанскиот јазик на тоа ниво ќе стане официјален и дека ќе постојат и двојазични банкноти. На вратите на основното училиште “Гоце Делчев“ во Скопје залепена беше и голема налепница со логото од кампањата на СДСМ, на која пишуваше “Казна од 5.000 евра за оној кој не знае албански јазик“.

Novinari A1

Пред една недела. младата студентка по право , Сумеја Адеми, која носела марама (шамија) физички и вербално беше нападната заедно со својата пријателка во центарот на градот. Ја навредувале со погрдни зборови “влакана шиптарке“, дека е терорист, дека за неа нема место во Македонија и да оди во Саудиска Арабија. Притоа насрнувајќи насила да и` ја симннат шамијата, ама сепак не успеале.

Македонските медиуми кои не се под контрола на ДПМНЕ, а кои се критички настроени, после кукавичкиот напад на новинарите на порталот А1, одлучија во знак на солидарност да ги бојкотираат сите протести организирани од страна на движењето “ За заедничка Македонија“. Ова фашистичка кампања ги таргетира сите оние кои не се членови и симпатизери на ДПМНЕ, а кои критички се настроени спрема ова партија, кои не се Македонци и православни. Притоа демонизирајќи ги Албанците и албанскиот народ ширејќи страв дека тие сакаат распаѓање на земјата и дека тргнале кон голема Албанија.

Skoplje

Колку далеку оди пропагандата на владејачките функционери на кои фотељите им се тресат од под нивните газови, а на некои од нив им се заканува и судски прогон заради разни казнени дела, покажува и најсвежиот пример од средното училиште Јосип Броз Тито. Гимназијалците на среде настава биле принудени да излезат пред школата како би учествувале во снимањето на ВМРО-скиот портал Курир. Тие биле снимени на тој начин да се прикаже дека младите масовно заминуваат на протести. Притоа истовремено,класен раководител на средно мецинско училиште од Штип, ги собрал своите ученици и терал од училиштето да заминат на протести.

Ова е прв пат во историјата на независна Македонија народот отворено да биде поделен на “вистински“ Македонци, поточно ВМРО-вци и сите останати – поточно предавници. Латинската изрека homo homini lupus добива ново значење: ВМРО-овецот на Македонците и сите останати им е волк.

 

 

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


five + 8 =

%d bloggers like this: