IMG_6588 (Copy)

(Фото/Видео) Учениците при ОУ “Гоце Делчев“ – Подгорци, на припадничките од понежниот пол им го честитаа 8-ми март

По повод предстојниот меѓународен празник  8-ми март денот на жената, денес учениците од 5-то до 9-то одделение при основното училиште “Гоце Делчев“- Подгорци преку своите рецитали, музички изведби и други активности, на своите мајки, баби, односно припадничките на понежниот пол им го честитаа празник и им посакаа се најдобро.

Пред присутните родители, тие им се представија со различни рецитали, песни, творби и други активности, преку кои уште еднаш како и во повеќе наврати го ја продолжија традицијата на ова училиште во празнување на празниците преку различни свечености.

Како што веќе и забележавте, а веќе и долго време ги следите активностите на нашава образовна установа, и ова година на свечен начин го прославуваме овој празник, празник на сите припаднички на понежниот пол, каде преку изведбите на нашите ученици, сакаме да им испратиме честитка за сё најдобро во иднина – ни изјави директорот на ова училиште г-дино Фадил Исламоски.

Во текот на свеченоста, посебно беше нагласена благодарноста до родителите, и другите Подгорчани, кои преку своето учество на минатиот училишен базар, со своите средства допринесоа за развојот и надополнување на она што најмногу му е потребно на ова училиште.

Инаку од собраните средства од овогодинешниот базар, со финансиски средства од учеството на родителите и другите жители на Подгорци, пополнивме две празнини кои веќе извесен период планиравме да ги реализираме, односно поставивме заштитни фолии за сонце, бидејќи извесен период, односно во летните и пролетниот сончев период , сончевата светлина го попречуваше нормалното одвивање на наставата , односно надојдената светлина на некој начин им сметаше на нашите ученици. Со поставувањето на овие фолии сега веќе решивме еден проблем.

IMG_6612 (Copy)

Исто така со дел од средствата од оддржаниот базар, ја збогативме содржината на нашата училишна библиотека со ниво 100 книги, со кои дополнително ја зголемивме и колекцијата на книги со различна содржина, и на тој начин сега веќе имаме соодветен број на книги преку кои ова училиште ќе дојде поблиску до сите оние ученици кои сакаат да читаат, или пак она што образовниот процес ќе го наметне.

Се разбира, дел од средствата беа набавени музички инструменти и друг вид на помагала.

IMG_6616 (Copy)

Ние не застануваме овде, и понатаму продолжуваме со нашата план програма која с оеднесува за цела една учебна година, и се разбира истата се надевам дека и понатаму заеднички ќе ја потполниме и со учеството на родителите на нашите деца – ни надополни г-динот Исламоски, притоа на крај на сите вработени во ова установа како и другите припаднички од понежниот пол им го честита 8-ми март посакувајќи им сё најдобро во иднина, а на своите вработени уште еднаш им се заблагодари за организацијата преку која допринесуваат за реализација на ваквите свечености.

IMG_6564 (Copy) IMG_6565 (Copy) IMG_6566 (Copy) IMG_6569 (Copy) IMG_6571 (Copy) IMG_6572 (Copy) IMG_6574 (Copy) IMG_6575 (Copy) IMG_6578 (Copy) IMG_6581 (Copy) IMG_6582 (Copy) IMG_6583 (Copy) IMG_6585 (Copy) IMG_6588 (Copy) IMG_6589 (Copy) IMG_6593 (Copy) IMG_6597 (Copy) IMG_6603 (Copy) IMG_6604 (Copy) IMG_6606 (Copy) IMG_6608 (Copy) IMG_6609 (Copy) IMG_6611 (Copy) IMG_6613 (Copy) IMG_6616 (Copy) IMG_6618 (Copy) IMG_6620 (Copy) IMG_6623 (Copy) IMG_6625 (Copy)

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


9 − seven =

%d bloggers like this: